Добивај вести на Viber
Дваесет и седум компании во изминатите десет години ги злоупотребувале финансиите од Фондот за пензиско осигурување. Направилностите биле утврдени по ревизијата од специјална комисија, но од Фондот најавија дека до јуни ќе утврдуваат за колкава сума се оштетени. Проверка притоа била направена во сите 285 фирми, во кои Фондот има дел од сопственичкиот капитал.
„Доколку при контролите се потврдат сомнежите за сторени злоупотреби ќе имаме обврска во најкус можен рок да ги документираме овие случаи, а против одговорните лица во компаниите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, изјави Александар Тргачевски, директор на Управата за финансиска полиција.
Како најголеми проблеми кои се утврдуваат се намалување на основинскиот капитал без добивање согласност од Фондот, недавање финансиски извештаи во законскиот рок, ставање под хипотека на имотот на Фондот, како и ненаменско трошење на средства на Фондот, посочија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија.
Инаку денеска беше потпишан Меморандум за соработка на пензискиот Фонд со УЈП и Финансиската полиција,чија главна цел ќе биде откривање на компаниите кои прават нелегални активности и нивно понатамошно санкционирање.