Пропадна ли „Едно општество за сите 2.0“ уште пред да почне или Мицкоски има ас во ракавот
Објавено во: Анализа 27 Октомври, 2025 07:49
Најголемата македонска партија ВМРО ДПМНЕ во последните петнаесетина години, оправдано или не, се обидуваат да ја прогласат за антиалбанска и партија која нема коалициски потенцијал. Последните неколку изборни циклуси покажаа дека Христијан Мицкоски успешно го преобликуваше проектот „Едно општество за сите“ на Зоран Заев и постигна клучни коалиции со повеќе албански партии, дел предизборни, дел по формирањето на Владата.
Но, дали овој проект пропадна во Брвеница, Кичево и Тетово, уште пред да почне.
Митот дека Македонците не гласаат за Албанци
Дел од опозициските албански партии и аналитичари тврдат дека секогаш во Македонија се гласало по етничка линија и дека никогаш Македонците не гласале за Албанци.
Ако малку се навратиме во историјата ќе го најдеме примерот на Имер Селмани. Тој беше министер во Владата на Груевски за здравство од редовите на ДПА. По Мајскиот договор и рокадата со ДУИ, Селмани се одвои од матичната ДПА по успешниот настап на претседателски избори на кои освои околу 50.000 гласови во македонски средини. Тој феномен тогаш беше наречен „македонскиот Обама“. Неговата кариера во политиката продолжи со сопствена партија која потоа стана дел од тројната коалиција на Алијанса за Албанците, но се повлече од лидерската позиција посветувајќи се на бизнисот.
Соработката меѓу СДСМ и албанските партии во ерата на Заев исто така покажа дека Македонците можат да гласаат за Албанците. СДСМ лансираше кадри како Фатмир Битиќи, Мухамед Зекири и други кои по парламентарните избори на листите на социјалдемократите добија и високи владини функции.
Секако, таа соработка дојде и со висока политичка цена. Тогашното раководство на СДСМ беше обвинето дека ја прифатило Тиранската платформа и дека ја води земјата кој федерализација.
Така се роди и познатиот слоган „канализација, а не федерализација“, и СДСМ го потопи противникот на локалните избори во 2017 година.
Соработката беше крунисана со два значајни процеси. Изборот на Стево Пендаровски како „консензуален“ претседател со поддршка на Али Ахмети и Pse jö - Талат Џафери првиот Албанец премиер во независна Македонија.
Принципиелни коалиции
Христијан Мицкоски успешно, барем досега, ја спроведуваше мантрата „принципиелни коалиции“, и трпеливо го градеше партнерството со ВЛЕН, кое патем започна на локалните избори во 2021 година. И тогаш имаше изборна коалиција, но повеќе во форма на поддршка за кандидатите во вториот изборен круг.
Така се градеше и опозициското расположение во албанскиот блок насочено против ДУИ. Мицкоски јасно кажа дека ќе формира Влада со ВЛЕН базирано на совпаѓање на политичките програми базирани на антикорупција, економски раст и достоинство во евроинтеграциите.
Првиот удар за овој проект дојде од Арбен Таравари, предводникот на едно од крилата на Алијанса за Албанците, на кого помило му е „да има градоначалник во Гостивар отколку министер во Скопје“. Притоа се обиде овој политички лупинг да го оправда со тврдењето дека Владата на Мицкоски е антиалбанска и антиевропска. Тој наратив, барем во првиот круг не донесе успех, па дури изборите во Гостивар и Врапчиште, каде поради неисполнување на цензусот изборите најверојатно ќе бидат повторени, па така победите на кандидатите на крилото на Таравари нема да се валидираат.
Вториот удар првично се сметаше дека е само предизборен фолклор. Кандидатот на Брвеница поддржан од ВРЕДИ се појави во јавност за првпат со изјавата дека во вториот круг не смее да се поддржи кандидат Македонец, и дека ако тоа го направи ќе ги посрамоти неговите татко и дедо. Таа изјава иако покажа први предупредувачки знаци сепак, беше претежно игнорирана.
ВМРО-ДПМНЕ даде јасна поддршка за кандидатите на ВРЕДИ во Чаир, Тетово, Гостивар, Струга, и во овие општини не понудија свои кандидати во првиот круг. Единствено ВМРО-ДПМНЕ атакува на Кичево кое по три мандати на Фатмир Дехари од ДУИ може конечно да претрпи промени, и во Брвеница каде во вториот круг се кандидати на владините коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ.
Кичево со последните фази на територијалната организација беше демографски променето што овозможи на последните неколку изборни циклуси да победува градоначалник Албанец и тоа беше делумно трагично сфаќано. Еднаш Груевски и Заев се обидоа со заеднички кандидат, но истото го направија и албанските партии и со силен ангажман на дијаспората успешно донесоа победа за Дехари. Сега постои некаква еуфорија дека градоначалник на Кичево може да биде Македонец иако ВМРО-ДПМНЕ воопшто не настапи со националистичка реторика, туку напротив игра на картата „консензуален“ кандидат поддржан од ВРЕДИ.
Локалното партиско раководство на ВРЕДИ, повторно водено од националистички набој смета дека е подобро да се гласа за Дехари кој е од ДУИ но, е Албанец отколку за коалицискиот кандидат кој е Македонец. Затоа Мицкоски тврди дека ги трпеле критиките меѓу Македонците за настапот во Западна Македонија, и дека не отстапува од политиката на вредности.
Брвеница најверојатно нема да ја сруши Владата на Мицкоски, ниту ќе предизвика поголем коалициски шок бидејќи за него најважно е партнерството со Изет Меџити од Чаир кој најверојатно ќе се зацврсти како лидер на ВЛЕН која по изборите официјално ќе се регистрира во еден политички субјект наместо досега како коалиција на повеќе партии и крила.
Интересно прашање е што понатаму со Биљал Касами од Тетово кој ја предводи БЕСА. Засега се шпекулира дека по изборите со него ќе биде раскината коалицијата и дека се можни рокади со поранешни партнери на ДУИ, што би го консолидирало парламентарното мнозинство.
Но, настрана партиските интереси, тоа што е поважно е прашањето на етничкиот соживот и градењето на општествениот договор меѓу Македонците и Албанците, и тој процес базиран на вредности и меѓусебна почит мора да се поддржи.
Х.С.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





