05 Декември, 2025
0.0333

Пропадна тендерот за економската зона во Тетово

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2012 10:12

Добивај вести на Viber

Пропадна тендерот за економската зона во Тетово. Веднаш откако се утврдило дека не може да се донесе одлука која ќе биде принципиелна и која од двете фирми да го добие тендерот, се донела одука за забрзано спроведување на нов тендер, дознава АлсатМ. Според плановите презентирани од Министерството за економија, Владата решила во наредните 30 дена да се спроведе целосно нова тендерска постапка, по што најдоцна до 10 јануари 2013 година ќе се соопшти фирмата која ќе победи, по што веднаш ќе мора да стартува со работа на терен. Според информациите на Алсат М, тендерот бил поништен откако комисијата утврдила дека иако се е законски и може сепак да се донесе одлука, сепак има мали недоследности во потребната документација на двете компании, турската ТБС и норвешката СНС. За да нема ниту најмал сомнеж на целата постапка, се донела одлуката за нов тендер. Инаку, токму реализирањето на овој тендер е главен економски приоритет на министрите на ДУИ во Владата. Се проценува дека зачувување на министерското место во економија на Валон Срачини, под чии ингеренции е спроведување на тендерот, е врзано токму со успешното спроведување на овој тендер. Изградбата на тетовската економска зона од страна на компанијата победник, освен политички поени за ДУИ, која ќе се претстави како партија која покрај политичките спроведува и економски програми, ќе значи и многу за развој на регионот и за дополнително економско заживување на Полог. Затоа, според информациите од Владата, од партијата на Али Ахмети се обидуваат да изберат победник кој со сигурност ќе ја стартува зоната и со неа ќе управува во интерес на тамошното локално население, бидејќи за разлика од праксата со многубројните останати економски зони во земјава, тетовската нема да биде во државна сопственост и управување туку тоа ќе се прави преку формата на приватно – јавно партнерство, каде што компанијата ќе се грижи што е можно повеќе да донесе компании кои ќе работата во зоната. Досегашните две заинтересирани компании кои влегоа во завршната фаза на оценувањето, се реномирани фирми кои во своите матични земји работата со економски зони и паркови. Зоните на турската компанија годишно извезуваат од 6 до 7 милијарди евра, додека пак предноста на норвешката фирма е што зад неа стои владата во Осло која само за поддршка на вакви зони има фонд од три милијарди евра. Исто така норвешката фирма ја има и предноста дека доаѓа од високо развиена европска земја и соработува со фирми кои се на високо технолошко ниво. Горан Теменугов, АлсатМ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“