17 Декември, 2025
0.0461

ПРОПУСТ: Рама без превод на српската државна телевизија

Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2014 13:19

Добивај вести на Viber

Српската државна телевизија РТС вршеше директен пренос на изјавите на српскиот и албанскиот премиер, Александар Вучиќ и Еди Рама во Белград, но гостинот зборуваше 15 минути без превод на српски јазик. Вучиќ зборувал први порачал дека разговорите во четири очи со неговиот албански колега не биле лесни, но дека е горд што се врти нова страница „не од минатото, туку од иднината на односите меѓу Србија и Албанија, во заедничкиот пат кон Европската унија“. Но, кога започна да зборува албанскиот премиер превод немало, па обраќањето на гостинот останало неразбирливо за поголемиот дел од јавноста во Србија. Превод немало ниту на новинарските прашања, а од одговорите на Вучиќ станало јасно дека обраќањето на Рама не било само од протоколарна природа и оти тој зборувал и за Косово. Вучиќ, кој го слушал преводот на говорот на Рама на слушалки, остро му возвратил на албанскиот премиер: „Нема да дозволам никој во Белград да не понижува. Косово и Метохија беа и останаа дел од Србија и никогаш немале никаква врска со Албанија!“ Тој оценил дека гостинот со изјавата за Косово само ги провоцира домаќините и дека воопшто не било договорено Косово да биде тема.

Можеби ќе ве интересира

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата