22 Ноември, 2024
0.0276

ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ИМ Е ПО 100 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, АМА СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ИМ Е МАЛА И НЕАТРАКТИВНА - еве која државна агенција живее како „бубрег во лој“

Објавено во: Економија 26 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Агенцијата за цивилно воздухопловство во годината што следува, за плати на своите вработени ќе им подели 126,7 милиони денари, или 2,06 милиони евра.

Тоа може да се види од Годишниот финансиски план за 2023 година на институцијата со која раководи директорот Томислав Тунтев, кој е доставен до Собранието, и таму ќе ја очекува согласноста од народните избраници.

Станува збор за износот на бруто плати за цела следна година, што значи дека АЦВ за палти и придонеси идната година ќе дели просечно по 10,6 милиони денари месечно.

Ако се има предвид, пак, дека во оваа институција која е воздухопловна власт во земјава, во моментов има 70 вработени, излегува дека тие во просек ќе земаат по 151 илјада денари бруто по човек месечно. Или, тоа просечно би дошло по 101 илјада нето плата по вработен месечно.

Се разбира дека ова е просекот од 70 вработени, и треба да се има предвид дека раководните лица земаат далеку повисоки плати, за разлика од оние кои имаат пониски позиции.

Сепак, ова зголемување на платите е предидено и за пет нови вработувања, па всушност тоа би значело дека нето плататата што идната година ќе ја земаат вработените во АЦВ, доколку нивниот број е 75, ќе изнесува 94 илјади денари.

Во Финансискиот план од АЦВ напишале дека трошокот од над два милиони евра за плати за идната година ќе се користи за покривање на основната плата, здравствено и пензиско осигурување, надоместок за успешност, ноќен труд, празнична работа, прекувремена работа, и останати надоместоци од плата согласно Законот, Правилникот и колективниот договор.

А, она што е интересно, е дека на АЦВ и тие плати им се ниски, односно тие во извештајот се жалат дека нивните примања се пониски од другите такви регулатори на Балканот, но и од другиот регулатор во земјава – М-НАВ.

„Примањата на вработените се во согласност со меѓународните регулативи за нивото на платите усогласени со платите во авиоиндустријата, при што во Република Северна Македонија тие се пониски од платите на вработените во регулаторните тела од соседните држави, и од давателот на услуги во воздухопловната навигација (М-НАВ – н.з). Токму поради тоа Агенцијата доаѓа до потешкотии при обезбедување на високостручни воздухопловни кадри со потребни обуки. Нивото на платите на вработените мора да биде на она ниво што ќе обезбеди мотивациона активност за остварување на квалитетен надзор над учесниците во авиосообраќајот, да создава услови за подигање на одговорноста во работењето, а со тоа и подигнување на нивото на сигурноста и безбедноста на нивото во воздушниот сообраќај и воздушните прелети над територијата на РСМ“, се вели во образложението кое го дале од АЦВ.

Натаму, додаваат дека согласно препораките на ЕК, поради одливот на кадри и потребата од високостручен персонал, во АЦВ за следната година се планира вработување на осум вработени, од кои пет нови, и три на позициите кои биле испразнети преку пензионирање.

Покрај овие трошоци, за испратнини за одење во пензија АЦВ в година ќе исплати 28 илјади евра.

Како дневници ќе се исплатат три милиони денари или близу 50 илјади евра, што е раст во однос на оваа година.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат

ДАЛИ ЕТИАС ГАРАНТИРА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПА? Ќе се „чешлаат“ апликантите, еве дали ќе добијат дозвола да влезат