ПРОСЕЧНА НЕТО ПЛАТА ЗА АПРИЛ: Maкедонците земале скоро 26.000 денари
Објавено во: Економија 22 Јуни, 2020
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2020 година, во однос на април 2019 година, изнесува 104.2.
Податоците денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (12.0 %), Други услужни дејности (6.9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6.4 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0 %), Стручни, научни и технички дејности (6.9 %) и Транспорт и складирање (6.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 25.830 денари.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2020 година, изнесува 38.567 денари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.