„ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ Е 36.200, ТУКУ 24 ИЛЈАДИ“: Глигорова со поразувачка пресметка за трошоците на едно семејство

Објавено во: Финансии, Македонија 25 Септември, 2023
Активистката Ана Глигорова, истакна дека просечната плата е далеку од тоа што официјално се презентира.
„Просечната плата во Македонија не е 36 200 денари, туку по медијана и мода е далеку помала, некаде околу 24 000 денари. За цените во земјава, кои се речиси како на запад, оваа кобајаги плата не е ниту приближно на социјална помош (која е далеку помала во моментов, но да претепоставиме дека е оваа сума) која лицето ја зема кога моментално не е вработено. Истава плата е џепарлак за средношколец, ако го поделиме 24 000 со 30 дена, тоа е 800 денари на ден, или 267 ден. по оброк, или хигиенски потреби, излегување, итн.
Да се вратиме на вработен со нето плата од 24 000 денари, на пример самохран родител на две деца. Може ли да го преживее месецов со 800 денари на ден? Сметките се околу 6000 денари, остануваат 18 000 ден. поделено на 3о дена, остануваат 600 денари на ден. 600 ДЕНАРИ НА ДЕН! За тројца луѓе е 200 денари, или 67 по оброк. Каде се превозот, хигиенските потреби, школски прибор, не сакам да пишувам за ексурзии и викенди, бидејќи овие луѓе се гладни. Во најмала рака, купуваат евтина и неквалитетна храна, со многу малку овошје и зеленчук, бидејќи со 600 ден на ден не може ниту еден оброк асален да се направи за трочлено семејство. Родителот е приморан да работи уште една работа, со што ги запоставува децата несакајќи, приморан е, нема социјална држава, живее во лоповско гнездо, на несолидарни, неемпатични човеколики створови, кои ни во орда не би биле примени. Додека овој одвратен, кукавички, себичен менталитет не се смени, нема потреба да се мачиме да имаме држава.“, напиша таа на Фејсбук.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
„ДА СУМ ЈАС ВЛАСТ, БИ ГИ ЗАБРАНИЛ КРИПТОВАЛУТИТЕ“ - Џејми Дајмон му се „нафрли“ на биткоинот

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

ДУРИ 70 ПРОДАВНИЦИ И НАД ТРИ ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ВО ЛИДЛ-СРБИЈА: Во Краљево и Златибор се отворија продавници

РУСИЈА ЗАРАБОТУВА ПОВЕЌЕ ОД НАФТА ОТКОЛКУ ПРЕД САНКЦИИТЕ: Пораснале приходите од продажбата

РАСТЕ ЦЕНАТА НА АКЦИЈАТА НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - очекуваат ли акционерите „мрсна“ дивиденда од моментално најпрофитабилната банка

ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОГОДИНА 100 МИЛИОНИ ЕВРА, А ЌЕ СЕ СУБВЕНЦИОНИРААТ И ПРИДОНЕСИ ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ: Лукаревска со детали за антикризните мерки

Маринис Стратопулос уште четири години ќе биде член на НО на Стопанска банка Скопје - ГУВЕРНЕРКАТА ЈА ИЗДАДЕ ПОТРЕБНАТА СОГЛАСНОСТ

„Биди во акција со секоја трансакција“ – Наградна игра со Mastercard од Комерцијална банка за главна награда од 1.000.000 денари

ВРЕМЕНА МЕРКА ЗА ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЛАТИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ФИНАНСИИ И ОРГАНИТЕ ШТО РАБОТАТ ПОВРЗАНО СО БУЏЕТОТ: До одлуката, нема да земаат покачена плата од 30 отсто
