ПРОШИРУВАЊЕТО НА ПОЗИТИВНАТА ЛИСТА СЕ УШТЕ ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК: за десетина дена ќе се знае дали ќе влезат девет нови лекови

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2024 21:51
Очекувам за десетина дена да знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа со девет нови лекови, бидејќи во моментот не е прашање дали има пари или нема пари за девет лекови. Ние правиме комплетна анализа. Значи, во функција сме 15 денови. Она што министерката за финансии го истакна е дека во буџетот постојат многу дупки кои ние допрва ги востануваме, одговори директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на струмичката болница.
Според него, во моментот се прави проценка колкави се дупките во повеќе подрачја за заедно со ребалансот, со новите средства, да се направи проценка кои се здравствени потреби можат да се задоволат до крајот на годината.
-Тоа бара малку време. Ќе дозволите две недели сме на функција и мораме да ги видиме приоритетите, бидејќи секој ден се јавуваат од клиники, од болници дека се блокирани, дека фондовите за условно финансирање се потрошени итн. Меѓутоа, убеден сум дека со домаќинско работење ќе најдеме начин да ги покриеме сите потреби што се до крајот на годината. За 2025 малку и да следното гледање на позитивната листа да не биде мало дотерување на листата, туку да биде малку посуштинско, посодржинска промена, рече Клековски.
На новинарско прашање директорот на ФЗО одговори дека значителен број граѓани кои сами собираат средства за лекување воопшто не се обратиле до Фондот.
- Лекувањето во странство е еден мал сегмент од работата на Фондот. Тоа е многу повеќе од сето тоа. И една од првите средби, меѓу другото, ни беа со луѓе што се ангажирани во собирање средства. Скоро 80 отсто од пациентите не се обраќаат во Фондот. Ние на дневна основа, да не кажам ама на секои три дена, одобруваме доста лекувања во странство. Значителен број од тие луѓе што собираат средства воопшто не се обиделе да добијат средства од Фондот и верувам дека е прашање на недоверба во институциите, дека воопшто не веруваат дека имаат шанса да добијат средства. Ние таа недоверба мора да ја надминуваме, мораме да бараме системски решенија, рече Клековски.
Додаде дека во извештаите на Државниот завод за ревизија (ДЗР) има значајни забелешки за начинот на водење на лекувањето во странство и еден од приоритетите е тоа структурно да се корегира и да се изгради еден однос на доверба со пациентите и оние пациенти кои имаат потреба навистина да добијат поддршка од Фондот за здравствено осигурување.
Можеби ќе ве интересира
ЈП ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА: Констатирано е дека болницата Козле нерационално ја користи водата за пиење

Коњановски: Човек сум и јас можам да погрешам, а за сообраќајниот прекршок си платив

Обвинителен предлог за напаѓачот на Арсовска, за второосомничениот нема да продолжи гонењето

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ - обвинителниот акт доставен до адвокатите

На огласот за 400 пожарникари не се пријавиле ниту толку кандидати

ВЛАДАТАТА ЗА ПИСМОТО НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ: „Сведување на дискусијата на „здраво како сте“ и „колку чини“ е навредливо

КОНЕЧНО ПРИСТИГНУВААТ УЧЕБНИЦИТЕ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ: Нема веќе учење од тетратки

Првата антикорупционерка доби обвинителен предлог за „Адитив“, друго лице полагало безбедносен тест во нејзино име

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ - едно лице пренесено на клиниките „Мајка Тереза“
