ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ: „Белите дробови ни се црни“
Објавено во: Македонија 05 Декември, 2016 20:24
Скопјани денеска во градскиот парк пред бараките на градоначалникот Коце Трајановски протестираа и побараа од политичарите итно решавање на проблемот со загадениот воздух.
Протестантите го искажаа револтот против загадувањето бидејќи како што рекоа никаков одговор и конкретна акција од соодветните институции за справување и конечно решавање на проблемите.
„Луѓето не се грижат за животната средина. Големите компании се најлоши, тие имаат пари да кажат дека се зелени, а ние секојдневно се задушуваме. Мораме постојано да си го бараме правото на чист воздух, но и да делуваме“, рекоа дел од нив.
Дајте ни го човековото право на чист воздух, за живот се работи, не сакаме да се разболиме од рак, не сакаме да умреме од загаден воздух, велат граѓаните изреволтирани од пасивноста на институциите кои се надлежни да го решат проблемот со загадувањето.
Присутните побараа од партиите проблемот со загаденоста да биде дел од нивните изборни кампањи. Од сограѓаните, пак, побараа поголема масовност на следниот протест.
ФОТО: Радио моф
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




