ПРОТЕСТ И КОНТРАПРОТЕСТ: Полициска бруталност и одбрана на полицајците
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2020 09:38
Денеска напладне треба да се одржи протест против полициската бруталност во Битола, а кој е инициран од инцидентот кој се случи завчера кога битолчани од ромската заедница беа тепани од полициски службеници откако направиле сообраќајка. Инаку освен овој протест има најави и за уште еден кој треба да се одржи во среда, а е за поддршка на полицајците.
Денешниот протест, според најавите, ќе почне од Главната пошта во Битола а граѓаните ќе се движат до седиштето на битолската полиција. Протестот го организира иницијативата „Аваја“ заедно со здруженијата, „Ромалитико“, „Романо Авази“, „Ромаверзита“, „Баирска Светлина“, „Сумнал“, „Ромско Јато“.
На другиот протест ќе се бара повлекување на кривичните пријави и дисциплински постапки против полициските службеници, кои како што стои во повикот, биле нападнати и неправилно суспендирани. Најавено е дека демонстрантите ќе се движат по Широк Сокак, а протестот ќе заврши пред СВР Битола и Јавното обвинителство.
Откако случајот беше објавен на социјалните мрежи, МВР преку Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава до Обвинителството за гонење организиран криминал против еден од полициските службеници поради физичко насилство. Против него е покрената и дисциплинска постапка и суспензија од работа.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




