ПРОТЕСТИ ЈА ТРЕСАТ УЛИЦАТА КАЈ ВЛАДА: Охисовци си ги бараат платите
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2018 12:04
Во моментов улицата непосредно пред Влада на РМ е затворена за сообраќај.
Таму екс вработени во Охис се собраа повторно да си ги бараат платите кои не им се исплатени.
Според нивни зборови, се работи за 24 задоцнети плати а ним им ги должи поранешниот комбинат откако влезе во стечај. Ова е втор протест на стечајците во рок од десет дена а пред помалку од еден мецес поранешните вработени се мобилизираа и излегоа на протест пред ССМ откако добиле дојава дека државата нема намера да им исплаќа за брзо време заостанати плати, иако изминатиот период дел од комбинатот беше продаден за 7,1 милиони евра.
Тогаш стечајците најавија: „ќе лупаме по тенџериња и ќе палиме ако нема слух за нашите барања да ни се исплатат платите што ни ги должат“.
Охисовци велат дека наводно во план е средствата да се искористат за чистење на токсичниот линдан од дворот на Охис.
На почетокот на годинава беше објавено дека Охис е продаден на фирмата „Хемиски инжинеринг“ која плати 7,1 милион евра за дел од имотот кој не беше продаден во извршни постапки. Во Централниот регистер стои дека позади „Хемиски инженеринг“ стои извесен Горјан Максимовски и компанија од Јужноафриканската република „Стил ен прешур инженеринг“ (Steel and preassure engineering).
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




