Протести пред општина Центар – Дивите пазарџии се борат за праче леб
Објавено во: Економија 30 Јули, 2013 14:15
Пред општинската зграда во Центар денеска протестираа пазарџиите од дивиот пазар, кој општината го затвори минатата недела.
Околу педесетината гневни пазарџии кои беа пред општината, бараа да бидат примени на разговор и да им објаснат зошто им го земаат парчето леб што го заработуваат од продавање на стари предмети.
Тие велат дека ќе плаќаат за влез на пазарот, ќе стават и фискални каси, само да ги остават да продаваат. За во петок најавуваат масовен собир на пазарот.
Од Општината велат дека дивиот пазар е расчистен и ќе остане затворен, а другиот дел ќе се користи за полигон за обука на возачи за што има дозвола.
„На овој простор, се продаваше се и сешто, од црви за ловење риба, износена облека, храна со сомнителен квалитет, машини. Можеше за евтини пари да се купи и украдена стока“, наведуваат во соопштението.
Фото-Курир
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас





