Протестите не го запираат Ердоган-ќе продолжи со плановите за градење во Истанбул
Објавено во: Балкан 06 Јуни, 2013
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ќе продолжи со плановите за градење во Истанбул и покрај протестите против реконструкција на плоштадот Таксим.
Во изјава пред репортери во Тунис, тој рече дека групи обвинети се одговорни за претходните груби напади, и оти манипулираат со она што почнало како еколошки протест.
Тој додаде дека неколку странски лица биле уапсени.