Протестот против францускиот предлог продолжува и денес
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2022 12:23
Протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“ против прифаќањето на францускиот предлог продолжува и денеска пред Владата во истиот термин како и вчера - во 19.00 часот.
Илјадници граѓани синоќа протестираа против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Протестот беше поддржан од повеќе политички партии и граѓански организации.
На протестот се обратија и новинари, универзитетски професори, музичари. Тие ја повикаа Владата да не го потпишува предлогот со порака „Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме“.
Францускиот предлог е причина и за средбата на премиерот Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Средбата е најавена за 15 часот во Клубот на пратениците.
По добивањето на предлогот, премиерот Димитар Ковачевски најави широки консултации со коалициските партнери, со претседателот на државата, со парламентот, со граѓанскиот сектор, како и со опозицијата.
Претседателот Стево Пендаровски за денеска напладне во неговиот кабинет свика состанок на Советот за безбедност на кој ќе се разгледува модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




