ПРОТОКОЛОТ ЗА АЕРОДРОМИТЕ ПО СВЕТСКИ СТАНДАРДИ: Термален скрининг на сите кои влегуваат во Македонија
Објавено во: Македонија 01 Јули, 2020 10:05
Согласно одлуката на Комисијата за заразни болести, денеска се враќаат во функција двата аеродрома за
Македонија. Министерството за здравство информира дека протоколот што го донесе Комисијата е направен по сите светски стандарди.
-Во зградата ќе имаат можност да влегуваат само патниците. Тие ќе треба да пристигнат на аеродром три часа пред летот. Со ова, значајно ќе се намали ризикот од гужва. Патниците ќе мора да ги почитуваат принципите на дистанца, задолжително носење на маска и дезинфекција на рацете. Во зградата е поставена и термална камера на влезот од ТАВ, за да се прави термален скрининг на сите патници кои доаѓаат во земјава. Собата за изолација и понатаму ќе функционира, за патниците кои имаат покачена телесна температура. Вработените од Центарот за јавно здравје ќе можат да индицираат и тестирање на патниците на кои ќе утврдат дека тоа е потребно, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




