05 Декември, 2025
0.0673

Проценителите добија лиценци,ама нема да бидат недопирливи!

Објавено во: Економија 01 Декември, 2012 14:32

Добивај вести на Viber

Над 60 проценители добија лиценци од Министерството за економија за вршење процена  на трговски друштва, јавни претпријатија и други правни лица, машини и опрема, подвижни предмети и во областа на индустриската сопственост.

До Министерството за економија за обука  досега се обратиле 420 кандидати, а над 300 поминале стручен испит. Покрај обука и испити за да можат да работат  проценителите треба да регистрираат друштво за процена или трговец поединец. Министерот за економија Ваљон Сарачини смета дека со новата регулатива и обуката  и испитите, проценителската дејност е доближиена до стандардите и праксата во развиените пазарни економии, Според Сарачини, од особена важност е и воведената можност за ревизија на извршена процена, во случај странката што нарачала процена да не е задоволна од  услугата. За таа цел предвидено е формирање посебна комисија што ќе има задача да оцени дали процената е изработена по усвоените методологии и меѓународни стандарди за процена. Доколку оценката на комисијата биде негативна, односно се оцени дека процената не е  во согласност со наведените стандарди, следува соодветна санкција за проценителот, појасни Сарачини. Најголем обем на работа во проценителската деност, односно 92 проценти, според проценители, има со банките по основ на хипотеки  за добивање кредити. Претежно се става под залог недвижен имот, но и машини и транспортни средства.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје