18 Декември, 2025
0.0514

ПОЗНАТ БРЕНД ПОВЛЕКУВА НАД 40.000 АВТОМОБИЛИ: Откриен дефект кој лесно може да предизвика пожар

Објавено во: Економија 11 Април, 2024 09:22

Добивај вести на Viber

Производителот на автомобили Форд соопшти дека повлекува речиси 43.000 мали теренци бидејќи е откриено дека бензинот може да истече на жешките површини на моторот, зголемувајќи го ризикот од пожари.

Се вели дека ќе бидат повлечени моделите Bronco Sport од 2022 и 2023 година, како и Escape од 2022 година, сите со 1,5-литарски мотори, пишува Асошиетед прес.

Во пријавата до американските безбедносни регулатори, Форд вели дека инјекторите за гориво може да пукнат, а бензинот или пареата од бензин може да се приближат до многу жешки површини, што може да предизвика пожар.

Дилерите ќе постават цевка која ќе му овозможи на бензинот да не оди до жешките површини на моторот, туку на земја под возилото и ќе го ажурира софтверот за контрола на моторот за да го открие падот на притисокот во системот за вбризгување гориво.


Ако тоа се случи, софтверот ќе ја оневозможи пумпата за гориво под висок притисок, ќе ја ограничи моќноста на моторот и ќе ја намали температурата на моторот.

Сопствениците на сите спорни автомобили ќе бидат писмено известени што да прават.

Компанијата соопшти дека има извештаи за пет пожари под хаубата и 14 гарантни замени на инјектори за гориво, но немало падови или повредени во двата случаи. Се додава дека проблемот е забележан кај еден процент од теренците.

Најавено е и дека ќе има продолжена гаранција за инјекторите за гориво, така што сопствениците кои имаат проблем ќе можат да ги заменат.


Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје