Прв ден од тргувањето на првите 30 новокотирани акционерски друштва
Објавено во: Економија 11 Јуни, 2013 10:00
Во Македонската берза денеска ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата со првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.
На презентацијата на проектот за задолжителна котација ќе присуствуваат заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески и претседателот на Комисијата за хартии од вредност Елизабета Чингаровска.
Со новокотираните акционерски друштва, вкупниот број друштва што котираат на Македонската берза АД Скопје од 32 се зголемува на 62 компании. Со тоа значајно ќе се подобри транспаретноста во нивното работење поради што може да се очекува да се прошири изборот на потенцијалните инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност за вложување во финансиските инструменти коишто се тргуваат на берзата, се наведува во соопштението од Македонската берза.
Можеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




