ПРВ ПАТ ПО ШЕСТ СЕДМИЦИ: Пад на цената на нафтата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 12 Јуни, 2020
Се намалија цените на нафтата на светските берзи, првпат по шест седмици.
Цените на меѓународните пазари денеска благо пораснаа, но неделава се очекува првпат да паднат, по шест недели раст.
Ова сценарио е можно поради стравувањата од побарувачката во случај на втор бран од заразата со Ковид -19.
Цената на барел сурова нафта на лондонскиот пазар денеска скокна за 20 центи или 0,52 проценти во однос на претходното тргување, достигнувајќи 38,75 долари. Ден претходно, цената падна за повеќе од еден долар.
Цената на барел нафта денеска на американскиот пазар се стабилизира на 36,49 американски долари и подоцна се зголеми за 15 центи или за 0,41 отсто во однос на затворањето ден претходно.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.