21 Декември, 2024
0.0288

ПРВ ПАТ ПО ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЛАВРОВ Е ПРИСУТЕН ВО ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО: Рускиот дипломат беше срдечно пречекан од Османи, утре ќе одржи и прес конференција

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, кој синоќа допатува во Македонија, утрово пристигна на 30.министерски совет на ОБСЕ, настан кој се одржува во Центарот „Борис Трајковски“. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи како домаќин срдечно го пречека неговиот руски колега кој денеска не даде изјава пред новинарите. Сепак, министерот за надворешни работи на Русија, утре на последниот ден од министерскиот совет ќе одржи прес конференција.

Истовремено, премиерот Димитар Ковачевски кој утринава имаше свое обраќање на отворањето на министерскиот совет на ОБСЕ, во изјава за новинарите, непосредно пред почетокот рече дека нема да има средба со Сергеј Лавров.

Ковачевски истакна дека народот на Украина заслужува мир, и оти постигнувањето праведен и одржлив мир останува императив.

-Оваа војна продолжува да ги поткопува и темелите на ОБСЕ. Затоа, како клучно безбедносно прашање на нашиот регион и пошироко, централен приоритет за нашето претседавање беше и останува да биде обезбедување суштинска поддршка за Украина и нејзиниот народ низ димензиите на ОБСЕ, нагласи Ковачевски.

Премиерот истакна дека во рамки на нашето претседавање должно внимание се даваше и на сите замрзнати конфликти и регионални нестабилности низ ОБСЕ регионот, како процесот за решавање на Транснистрија, ситуацијата во Јужен Кавказ и кризата во Нагорно Карабах, тензиите на северот на Косово.

-За момент да ги ставиме настрана националните агенди, за кои, меѓу другото, верувам дека најдобро можат да се реализираат преку мирољубива соработка во еден мултилатерален систем базиран на правила и почит на основните вредности и принципи. Ниту една земја, без разлика на големината и силата, во денешно време, на долг рок, не може да просперира во изолација, ниту пак сама да се справува со комплексните предизвици на 21-от век, истакна премиерот.

Инаку, 30. министерски совет на ОБСЕ официјално го отвори Бујар Османи кој истакна дека Македонија го презема претседавањето со ОБСЕ во време на војна во Украина. Оцени дека руската агресија практично ги прекрши правилата на Организацијата за безбедност и соработка.

- Војната во Украина ја наруши европската и човечката безбедност и ги уништи животите на луѓето кои сакаат да живеат слободно и без страв од војна. Наместо колективниот интерес се постигнуваат себични национални интереси. Ова создаде тешка околина на делување, но и наспроти ова останавме решителни да служиме како бранители на вредностите на ОБСЕ и мнозинството од земјите членки го избегнавме дефетизмот и да ги претставиме предизвиците за постоењето на ОБСЕ. Успеавме да постигнеме релевантност на организацијата. ОБСЕ остана решително наспроти сите предизвици и продолжува да работи и да ги организира сите активности и да ја продолжува мисијата наспроти сите предизвици. Неколку мисии продолжуваат да помагаат во регионите и активно се вклучвме во сите региони, наспроти тешките конфликти во Украина и Блискиот Исток. Мора да го зајакнеме ОБСЕ за иднината. Ќе продолжиме да нудиме решенија за овие критични предизвици и мило ми е што најдовме претседавач за 2024, истакна Османи на отворањето.

Во неговото обраќање ги повика присутните да постигнат консензус, односно претседавањето со ОБСЕ од јануари 2024 да го преземе Малта. 

А. Б.

ФОТО: Вангел Тануровски

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат