18 Декември, 2025
0.0745

ПРВА ДОЗА АСТРАЗЕНЕКА, ВТОРА ДОЗА СПУТНИК V: Руската вакцина е најслична на АстраЗенека, вели професорот Пановски

Објавено во: Македонија 07 Април, 2021 10:20

Добивај вести на Viber

Овие денови се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да се произнесе во врска со тоа дали ќе продолжи имунизацијата со вакцината од британско-шведскиот производител, АстраЗенека, или употребата ќе биде стопирана. Во текот на вчерашниот ден, шефот на одделот за вакцини во ЕМА, Марко Кавалери, потврди дека случаите на згрутчување на крвта кај исклучително мал процент граѓани од повеќе земји се поврзуваат со примената вакцина, но дополнително, како што рече, ќе треба да се утврди зошто е тоа така, па ќе го соопштат нивниот став.

Истовремено, Окфорд соопшти дека е запрена и употребата на клиничките испитувања на АстраЗенека кај децата и возрасните во очекување на нови информации од ЕМА.

Дел од граѓаните во Македонија, кои масовно се вакцинираа во Србија пред речиси две недели се интересираат дали ќе бидат ревакцинирани во земјава и дали втората доза ќе биде од АстраЗенека.

Министерот за здравство, Венко Филипче, во оваа насока, вчера појасни дека ги чекаат списоците од српското министерство за здравство на сите оние кои таму ја примија првата доза и дека тука ќе бидат ревакцинирани согласно препораките. Доколку ЕМА дозволи и понатаму употреба на АстраЗенека, тие со вакцината од британско-шведскста фармацевтска компанија, втората доза ќе ја примат тука.

По појавата на коагулација на крвта по примена прва доза од АстраЗенека, дел од земјите ја времено ја запреа употребата и ревакцинираат со друга вакцина против корона вирусот. Во однос на ова прашање, во изјава за Фактор, микробиологот Никола Пановски вели дека додека помине потребниот интервал од три месеци за ревакцинација, најверојатно ЕМА ќе остане на ставот дека вакцината е безбедна и дека имунизацијата може да продолжи.

-Јас верувам дека ќе биде така, но доколку Европската агенција за лекови сепак реши да ја запре употребата на АстраЗенека, најсоодветна вакцина за да се ревакцинираат оние кои веќе примиле една доза од АстраЗенека е руската вакцина, односно Спутни V. Овие две вакцини се премногу слични и не би имало никаков проблем, вели професорот Пановски.

И претходно, низа студии во клиничките испитувања покажаа дека по примени две дози од различни вакцини се создава силен имунолошки одговор на корона вирусот.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери