29 Март, 2024
0.0240

“Прва клапа“ на долгометражниот игран филм “Homō“

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Денес и официјално започна фазата на продукција и реализација на снимањето на македонскиот долгометражен филм “Homō(македонски [хомо] = човек). Филмот е во режија на Игор Иванов, продукцијата е на Скопје Филм Студио, а сценариото го напишаа Игор Иванов и Сашо Кокаланов. Актерската екипа ја сочинуваат над 70 актери, а ја предводат: Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Мајлинда Косумовиќ, Јелена Јованова, Сашко Коцев, Сергеј Димовски, Јоана Буковска, Себастијан Кавца, Александар Матовски, Јордан Симонов, Мони Дамевски, Мартин Манев и Славиша Кајевски.


“Ова е скопски филм, за нашата генерација и времето во кое живееме. Проектот е копродукција меѓу пет земји, а особен предизвик е неговата реализација во која е вклучена голема меѓународна екипа, околу 70 актери и преку 450 статисти. За потенцирање е возниот парк од 100 возила во слика.“ – изјави Продуцентот Томи Салковски.

Homō’е филм кој се случува овде и сега и е приказ на нашето општество во кое се доведени во прашање примарните човечки вредности. Станува збор за “корална“ структура сочинета од 6 индивидуални приказни за 6 карактери од Скопје чии животни судбини се менуваат засекогаш.“- изјави режисерот Игор Иванов.  


Долгометражниот филм “Homō“е приказ на апсурдот на судбината, претставен низ уникатните животни приказни на 6 главни ликови. Во ова филмско дело, режисерот го соочува обичниот човек со загрижувачките состојби на нехуманост, алчност и суровост - состојби кои тивко, но полека го уништуваат општеството. Секој лик во истоимениот филм живее посебна и одделна приказна. Виктор (актер: Сергеј Димовски)- недораснат триесетгодишник, кој не сака ништо да работи. Петра (актер: Јоана Буковска – Давидова) има навидум сè што може да се посака во животот. За Сократес (актер: Оливер Митковски)смеата е базична човечка карактеристика.

Homo ridens или човекот што се смее е една од петте приказни во која ќе креирам лик на депресивен стенд-ап комичар во потрага по својата среќа. Иако звучи како оксиморон сепак во психологијата е познато дека овие два термина често одат рака под рака. Хуморот понекогаш служи само како дефанзивен механизам за сокривање или ублажување на вистинската состојба но хуморот и депресијата кај повеќето луѓе се нераздвојни ентитети. Ќе ве потсетам на човекот кој отишол на доктор затоа што бил депресивен, докторот му препорачал да го посети циркузот во градот во кој настапувал пресмешен паљачо, а на тоа човекот му одговорил: -"Па јас сум Паљачото!"- изјави Оливер Митковски.


Борбата за живот е примарната карактеристика на Кети,улична проститутка, која неуморно се бори со канџите на капитализмот. Актерката Наташа Петровиќ изјави: “Многу ми е драго што сум дел од овој проект и од оваа прекрасна екипа. Се радувам на ликот што ми го имаат доверено и едвај чекам прв снимачки ден.“

Последната приказна е раскажана преку ликот на Гоги (aктер: Александар Матовски-Цако) - прекрасен млад човек со даунов синдром кој е израз на чиста љубов.


Сите приказни на овие ликови завршуваат со поинаков, различен крај, за некого подобар, за некого полош, со неколку суштински важни пораки - преиспитување на примарните човечки вредности и освестување на човекот за неговата деструктивна моќ.

На официјалниот почеток на снимањето на филмот беше присутен актерот Игор Ангелов, кој го игра ликот на Поп Христо. “Навистина сум возбуден и среќен за почетокот на снимањето на филмот Homō. Целиот овој процес надополнет со одличната екипа со која работам ми создава прекрасно чувство и ми влева доверба дека заедно ќе креираме одличен филмски продукт кој ќе и се допадне на публиката.“ - изјави актерот Игор Ангелов


Можеби ќе ве интересира

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Децата кои минатата година станаа осигуреници на Кроациа беа дел од акцијата „Коко Ве води во Дизниленд“ - најсреќното дете замина со фамилијата на патување

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт