Прва Конференцијата за инвестирање во недвижности во Македонија
Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2016 12:23
На 4-ти октомври, 2016 година, Е-аукција.мк заедно со компанијата Knowledge Center ќе ја организираат првата Конференција за инвестиции во недвижности во Македонија. Главна цел на Конференцијата е да ги презентира трендовите на пазарот со недвижности во Македонија, да ги потенцира можностите кои постојат во овој сектор, како и да ги поврзе сите чинители од земјата и од надвор, кои работат во овој сектор.
До моментот, потврдени говорници на конференцијата се д-р Анита Ангеловска Бежоска, Вицегувернер на Народна Банка на Република Македонија, Г-дин Славче Трпески, Директор на Агенцијата за катастар на недвижности, Г-дин Андреа Серафимовски, Претседател на Здружението на градежништво од Стопанска Комора на Република Македонија, и Г-дин Бранко Ѓуровиќ, основач и Проект менаџер на Е-аукција.мк.
Профилот на гости на конференцијата ги опфаќа градежните компании, агенции за недвижности, банките, осигурителните компании, проценителите, заинтересирани поединци за купување или продавање на имот, како и сите организации кои на некој начин се поврзани или заинтересирани за секторот за недвижности.
Конференцијата ќе се оддржи во просториите на Хотел Буши, со почеток во 09:30 минути. Првиот дел од Конференцијата ќе ги опфати излагањата на говорниците кои се спомнати погоре, додека вториот дел ќе биде форум каде учесниците на Конференцијата ќе може да разменат мислења во врска предизвиците и можностите за инвестирање во недвижности во Македонија.
Местата се ограничени, а влезници може да се купат на следниот линк http://www.macedoniarealestate.info/buy-tickets. За најнови информации околу настанот (агенда, говорници, учесници на Форумот) посетете ја официјалната страна на Конференцијата http://www.macedoniarealestate.info.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




