06 Декември, 2025
0.0366

„ПРВА СУДСКА ПОБЕДА ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ“: Синдикатот објави - усвоена е една од 800те тужби за заштита на правата

Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2025 12:54

Добивај вести на Viber

Синдикатот на културата на Република Македонија објави дека откако поднеле дури 800 тужби поради непочитување на законските норми за исплата на платите на вработените во секторот, денеска објавија дека е усвоена првата тужба од серијата за заштита на правата на вработените во културата. 
Синдикат на културата на Република Македонија (СКРМ) стоевме на ова исто место и протестиравме против доцнењето на платата, која требаше да биде исплатена согласно Закон и Колективните договори.

Во своите очајни калкулации како да не ги испочитува правата на вработените во културата, Министерството за култура остави 3.000 луѓе без плата токму на најголемиот христијански празник – Велигден.

Од „лабораторијата" во министерството, „договорија формула“ – како да се изготват решенија со кои ќе се крати од платите на вработените, мимо Колективните договори и синдикатите. Истиот тој не успешен експеримент денес е на добар пат да доживее тотален дебакл - посочуваат од Синдикатот во соопштението објавено на социјалните мрежи.

Потоа додаваат „уморни од долгогодишниот неправеден однос и третманот што го добиваа со секое усогласување со минималната плата и примената на ОКД, вработените во културата, под заштита на СКРМ, решија да поведат судски спор“.

Појаснуваат дека на најголем дел од вработените не им беше важено само ускратениот дел од платата, туку принципот на постапување на ресорното министерство и ехидното газење на достоинството што неочекувано го добија од ова Министерство.

Додаваат дека од синдикат со над 1.500 членови биле поднесени над 1.000 приговори.

Од нив, повеќе од 200 приговори беа усвоени од Управните одбори на институциите, додека за 800 приговори што не беа усвоени, СКРМ поведе судски постапки. 

- Денес, од ова место, ГЛАСНО објавуваме:

СЕ УСВОЈУВА ПРВАТА ТУЖБА од серијата од 800 судски постапки за заштита на правата на вработените во културата!

СЕ ПОТВРДУВА дека културните работници се жртви на незаконити решенија и неправедна пресметка на платите!

СЕ НАЛАГА институциите конечно да го почитуваат законот и достоинството на културните работници.

Со оваа пресуда, Судот потврди дека правата на културните работници биле повредени со незаконски донесени решенија за плати, и дека законитата основа мора да се почитува - нагласуваат од Синдикатот. 
Потоа додаваат дека оваа прва победа е јасен доказ дека борбата за достоинството во културниот сектор е правно издржана, оправдана и заслужена. Воедно посочуваат дека и покрај навремените предупредувања на СКРМ дека решенијата се неправно изготвени, Министерството остана глуво, а резултатот денес го кажа судот.

- Со оваа пресуда се поставува темелот за сите останати 799 постапки кои следуваат.

Се потврди дека СКРМ бил во право, а одредени во Министерството за култура кои преку министерот за култура на сила ги спроведоа овие решенија по институциите во грешка.

Истите тие, кои во последните две години ги „кројат“ решенијата за плата, повторно донесоа незаконски решенија со номинални износи наместо законска формула.

Овие незаконски решенија беа подготвувани и во минатата и во сегашната власт, од истите луѓе.

Од Министерството за финансии добивме официјален одговор, потпишан од министерката за финансии, дека пресметките на платите во културата се изготвуваат исклучиво во Министерството за култура, додека финансии само ги одобрува нивните фискални планови - нагласуваат од Синдикатот. 

Потоа посочуваат дека барале одговори од Министерството за култура, како се дошло до фамозната формула со ускратување на платите, и иако дописи биле пратени и до финансиски и правен сектор и до министерот за култура, одговор не добиле.

- Затоа, денес јавно прашуваме: Кој ја наложи, и кој ја изготви фамозната пресметка со која културните работници беа оштетени? По кој основ и по кој закон е направена?

Кој ќе ја понесе одговорноста за ваквата штета, кога документите немаат потпис од изготвувач и одговорно лице? [Кој го прати меилот од МК до институциите со упатство, без име и презиме, изготвувач и испраќач] 

И, да бидеме прецизни: кои се тие „несудени лаборанти“ што ја создадоа оваа небулозна формула?

Ќе одговара ли некој за судските трошоци на кои сега се изложени институциите? - прашуваат јавно од Синдикатот.

Воедно посочуваат „дали истите тие сега ќе ги заштитат директорите во културата, за кои СКРМ поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената должност и непочитување на законите и колективните договори?“

- Дали истите тие стојат и зад иницијативата за укинување на Колективниот договор за култура пред Уставниот суд, како очајнички обид да се разруши еден правичен принцип и да се врати хаосот на одредување плата по телефон?

Со над 200 веќе усвоени жалби од Управните одбори и поднесените нови тужби за разлика во плата, финансиските импликации стануваат се посериозни.

Затоа, повторно повикуваме на разум и договор – Министерството да седне на маса, да се договориме за решавање на спорот, и на тој начин да се избегне финансиски колапс во институциите.

На тој начин институциите нема да плаќаат огромни судски трошоци, а министерот конечно ќе застане зад своите вработени ослободен од притисокот и пласираните лаги.

Доколку тоа не се случи, СКРМ ја продолжува правната битка, но на крајот ќе бара одговорност за оштетениот буџет кој настанал само и само заради нечиј каприц - нагласуваат од Синдикатот. 
Еве ја нивната објава: 




Фото: Принтскрин/Фејсбук

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија