Првата антикорупционерка Димитровска поднесе оставка во Собранието
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2025 10:27
Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска, поднесе оставка утрово во Собранието.
„Кабинетот на претседателот на Собранието ја информира јавноста дека претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), г-ѓа Татјана Димитровска, денес до Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, поднесе оставка од нејзината функција.
Истовремено, ве информираме дека Собранието ке постапи согласно предвидените процедури и за истите благовремено ке бидете информирани“, потврди Собранието.
Оставката следува една недела откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривично дела на Димитровска.
Едното е за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, подоцна обвинет во „Адитив“.
Второто дело е за компјутерски фалсификат затоа што вработен од Државниот завод за ревизија во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.
ДКСК подолго време (не)работеше затоа што првиот човек на „Антикорупциска“ беше под истрага на Обвинителството и и беше наредено да се „оддалечи од работното место“.Можеби ќе ве интересира
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните




