22 Ноември, 2024
0.0286

ПРВАТА ПРОДАВНИЦА ИМ Е НА 5-10 КИЛОМЕТРИ: Kaко се снаоѓаат жителите на замрените македонски села?

Објавено во: Македонија 11 Август, 2023

Добивај вести на Viber

Во многу македонски села нема ниту една продавница. Тамошните жители за да купат намирници патуваат по неколку километри до најблиското населено место каде има продавница или маркет.

Таков е случајот и со селото Мачево. Таму живеат околу 140  луѓе, но за да купат храна, патуваат во соседните Будинарици или Смојмирово.

„Веќе 2 години немаме продавница. Тешко е, одиме до блиските села или во градот Берово за да пазариме. Обично се организираме еднаш неделно да отидеме да пазариме што ни треба. Секој се снаоѓа како знае“, вели Тони Вучковски, жител на Мачево.

Слично е и во повеќето села во околината на Македонски Брод.  Луѓето кои живеат во градот, пазарат храна и носат на своите родители кои се останати да живеат на село. Жителите на неколку села набавуваат храна во селото Самоков.

„Во Самоков има 3 продавници, снабдени се и тука доаѓаат жителите на Бенче, Рамне, Лупште за да купат храна. Поминуваат по 10 или 12 километри за да купат намирници. Мачно е. Тоа се стари луѓе, а во селата има по 10-тина жители. Дури во некое планинско село ако постои продавница, цените се повисоки, затоа што на трговецот мора да му се исплати самото носење роба од градот. Волче на пример е село кое е многу далеку од градот. Ние имаме пченка, грав, компири, но немаме банани, киви, немаме други работи, мораме да купуваме“, вели Горан од Самоков.

Мештаните се свесни дека во догледно време нема ништо да се смени на подобро, затоа што како што велат, и бројот на жители во градовите се намалува, а не пак во селата. И селото Ресава близу Кавадарци е без продавница.

„Имавме 3 продавници порано, сега со години нема ниту една. Луѓето кои одат на работа во Кавадарци на враќање си купуваат што им треба, но има и пензионери и за нив е потешко. Ние немавме ни превоз, но градоначалникот се потруди, ни пушти превоз“, вели Коце Ризов, жител на Ресава.

Лилјана Јоноски од Рурална коалиција Кичево објаснува дека снабдувањето со храна и со основните намирници во селата е проблем кој со генерации наназад го мачи населението, особено ако станува збор за села кои што се поодалечени од градовите и коишто имаат помал број на постојани жители. 

„Имено, дека ова е доста голем проблем со кој што се соочува населението во руралните средини ни покажа и Ковид кризата каде што согласно истражувањата на UN Women дури 42 отсто од населението (особено жените) имале потешкотии во обезбедувањето на храна и основните продукти за хигиена токму поради тоа што во селото нема локална продавница, а нема ни јавен превоз до градот или до првото поголемо населено место каде што може да се снабдат со потребните намирници. Главната причина поради која што ваквите локални продавници ги нема по селата е неисплатливоста за нивното отворање и одржување, па токму тука треба да се најде и решение како овие продавници би биле поддржани со одредени олеснителни мерки од државата, како на пример што е случајот со локалитетите за рурален туризам што се отворени над 700 метри надморска височина кои што се ослободени од ДДВ, од фискални каси и слично, а се со цел да се поддржи нивното опстојување на долг рок“, вели Јоноски. 

Додава дека обезбедувањето на основни услови за живот меѓу коишто е и непреченото и секојдневно снабдување со основните намирници за живот е еден од основните и клучни предуслови којшто понатаму треба да го обезбеди развојот на селото, но и создавањето на одржлив рурален развој на долг рок. 

„За жал, во моментов согласно последниот попис имаме 52 нови места/села кои што се останати без жители, имаме села каде што еднаш или ниеднаш неделно се носи леб и зеленчук и овошје, немаме јавен превоз, немаме добра рурална инфраструктура (патишта и осветлување)“, додава Јоноски.

Таа вели дека сите овие фактори водат кон опустошување на руралните средини во Македонија.

Сања Атанасовска

foto Wikipedia/Tchavdar Marinov

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„БЕШЕ СПОМЕНАТА СЕСТРА, А ЗА СЕСТРА СЕ УМИРА“ - пратеник од Левица објаснува каков е нивниот левичарски идентитет

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

„РАДМИЛА ЈА НАПРАВИ МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ГОРДА, НЕ ГОРДАНА“: Спасов за именувањето на Шекеринска за заменик секретарка на НАТО

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

УКРАСУВАЊЕТО НА ЦЕНТАР ПОЧНА, СЕ ДОГОВАРААТ И МУЗИЧАРИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ЗАБАВУВААТ ГРАЃАНИТЕ - градоначалникот Герасимовски вели дека стартува новогодишната магија

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ОД 30 НОЕМВРИ – МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЌЕ ПАТУВААТ ВО КИНА БЕЗ ВИЗИ! Има и уште една многу значајна промена

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

ЕВЕ ЈАС ЌЕ Ѝ СЕ ИЗВИНАМ НА КОЛЕШКАТА: Мојсоска со реакција за барањето на Пешевска

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

„СИТЕ ЛИНИИ СООБРАЌААТ, ИСТО КАКО И ПРЕТХОДНО“: директорот на ЈСП, Кушовски потврди дека нафтата пристигнува

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

ОТВОРЕН НОВ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 48 МИЛИОНИ ЕВРА - „Подравка“ го заклучи најзначајниот инвестициски циклус

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

„КРИВИЧЕН ПРОГОН БИ МУ ОДГОВАРАЛ НА АПАСИЕВ, ДА МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИ ДА ГЛУМИ ЖРТВА“: Се огласи адвокатот Јанаки за насилството во Собрание

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир

Тинејџерка усмрти жена во сообраќајка во Чаир