18 Декември, 2025
0.0571

Првата zip-линија лоцирана во Пехчево, за сите авантуристи и рекреативци

Објавено во: Мои пари 27 Јули, 2016 18:11

Добивај вести на Viber

Авантуристичкиот парк во Пехчево засекогаш ќе ја промени идејата за тоа како треба да се помине и доживее една планинска авантура во Македонија. Овој ново изграден парк е место кое содржи широк спектар авантуристички елементи, а една од нив е првата zip-линија во републиката, со должина од 240 метри  и  адреналинската патека со должина од 360м.

16) Стапала што се лулаат - Swinging shipway

Zip-линијата се состои од две платформи поврзани меѓусебе со челична, поцинкована сајла. Линијата е дизајнирана да им овозможи на корисниците слободно движење со помош на гравитација, по разни препреки од врвот до дното, притоа употребувајќи сигурносни појаси. Zip-линиите доаѓаат во многу форми, а најчесто се користат како средство за забава и спаѓаат во категоријата адреналински/екстремни спортови. Во историјата zip-линиите се користеле како средство за пристап до оддалечените области, како што се дождовните шуми и џунглите на Костарика и Никарагва.

14) ZIP со количка - ZIP with car

Во Пехчево, zip-линијата и адреналинската патека преставуваат структура од јажиња и сајли кои висат од едниот до другиот крај на патеката од високите дрва во густата шума, а се прицврстени за помошни објекти, па дури и за карпите или издигнувањата во релјефот. Како препреки во конструкцијата на zip-линијата се поставени цик-цак скали, буриња, колци и трупчиња, столбови, лулашки и греди, симулирани автомобилски гуми, мрежи, мостови. Во паркот на располагање има инструктори кои овозможуваат обука и помош при надминување на препреките и безбедно спуштање на земја за сите посетители.

9) Буриња - Barrels

За сите љубители на авантуризмот, zip-линијата нуди забавен адреналински предизвик преку возбудливото едрење низ планинскиот воздух, меѓу високите стебла на неверојатната борова шума и над малото барово езерце под линијата. Сето тоа на висина од 4 до 6 метри од тлото за сосема ново и неверојатно искуство.

Паркот е инвестиција на општина Пехчево, а zip-линијата е под покровителство на Хотел Гогов, новоотворениот хотел во градот којшто нуди одмор и релаксација за сите туристи кои сакаат да го искусат планинскиот туризам и да бидат дел од оваа адреналинска авантура.

2) Движечки пожарникарски скали - Crazy moving fireman scale

Покрај авантуристичката понуда и исклучително чистиот воздух, посетата во Пехчево и Малешевските планини ќе ви овозможи и дополнително да дознаете нешто повеќе за локалниот еко систем на растенија и диви животни, како и за локалната историја и многу други интересни факти за малешевската област и регион.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?