18 Декември, 2025
0.0650

ПРВИ БРОЈКИ ЗА ВАКЦИНИТЕ КАЈ НАС - од над 216 илјади вакцинирани, се заразиле 664, а починале 22 лица, но најголем дел се во две недели по првата доза

Објавено во: Македонија 22 Мај, 2021 15:25

Добивај вести на Viber

Некаде на почетокот на април почна масовната вакцинација во земјава. 
Првично, во А1 Арената Борис Трајковски се вакцинираа по околу три илјади граѓани, но сега тој број е драстично зголемен, односно дневно се вакцинираат и до над 14.000 граѓани. 
Или, според најновите податоци на Министерството за здравство, во земјава досега се вакцинирани 216.453 граѓани, а веќе се ревакцинирани 38.806 граѓани.
Како што е познато, вакцинацијата во земјава почна со најстарата и нјранливата популација од над 70 години, а потоа продолжи со критичната инфраструктура.
Во моментов вакинацијата тече некаде кај граѓаните од околу 40 години. 
Ова значи дека кај постарата популација вакцинацијата привршува, или, како што соопштија од МЗ, со последните бројки 45,7 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, а 38,8 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Но, и покрај вакцинацијата, се уште има смртни случаи од корона, а меѓу нив токму постарата популација има најголем број починати. 
Затоа Фактор праша во Министерството за здравство дали и колку од вакцинираните граѓани во земјава се разболеле од ковид, дали и колку од нив завршиле во болница и дали и колку има смртни случаи. 
Од Министерството за здравство за Фактор откриваат дека од овие 216 илјади вакцинирани граѓани, од ковид сепак се разболеле 664 грашани, но, најголемиот дел од нив се разболеле во првите 14 дена по примањето на вакцината, што значи дека најверојатно веќе биле заразени кога се вакцинирале. 
А, регистрирани се и 22 смртни случаи на граѓани што биле вакцинирани. Но, од нив 17 се луѓе кои се разболеле во првите 14 дена.
„Од вкупниот број на заразени после вакцинација (664), 456 се потврдени како позитивни во првите 14 дена од датумот на вакцинација, што укажува на фактот дека најверојатно истите биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината.Од вкупниот број на починати лица (22) 17 се во првите 14 дена од датумот на вакцинација, односно се дел од лицата кои најверојатно биле во период на инкубација во моментот кога ја примиле вакцината“, велат за Фактор од Министерството за здравство.
Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери