18 Декември, 2025
0.0729

Први резултати од екстерно – полуматурантите го кренаа просекот

Објавено во: Мои пари 15 Јуни, 2014 12:21

Добивај вести на Viber

Резултатите од екстерното тестирање на сите осмоодделенци ќе бидат истакнати денеска по 12 часот во сите основни училишта, а за останатите ученици во следните неколку денови. Просечната оценка на постигнувањето на осмоодделенците е 3,67. Во однос на минатата година, кога просекот изнесуваше 3,53, оваа година резултатите се повисоки за 0,14 процентни поени. - Секој ученик ќе може да ги погледне оценките кои ги добил по предметите по кои бил тестиран и најдоцна во рок од три работни денови, практично од понеделник до среда доколку смета дека е потребно, ќе има можност да поднесе приговор до училишната комисија која ќе го проследи до Државниот испитен центар во чија надлежност е носењето на конечната одлука, посочи Спиро Ристовски, министерот за образование во заминување. Најдобри резултати со просек од 4,95 постигнале полуматурантите од ОУ „Гоце Делчев“ во Скопје, општина Центар, додека најслаби резултати постигнале полуматурантите од ОУ „Страшо Пинџур“ во општина Карбинци со просек од 2,52. Уписите во сите средни училишта почнуваат на 23 и 24 јуни со исклучок на паралелките во Спортската академија каде првиот уписен рок е на 19 и 20 јуни. - Учениците кои од оправдани причини не полагале еден од предметите или пак, воопшто не биле тестирани, тоа ќе можат да го направат во августовската испитна сесија за што дополнително ќе бидат информирани за термините и предметите по кои се проверуваат нивните постигнувања. Потоа, по подигнувањето сведителства ќе можат да конкурираат за упис во средно училиште на 21 август, односно во вториот уписен рок, истакна Ристовски. Министерот очекувал поголемо зголемување на просечната оценка на постигнувањето на осмоодделенците.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“