ПРВИ ВО СВЕТОТ: Град има колективен имунитет на коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 25 Септември, 2020
Се појави првиот град во светот кој стекна колективен имунитет на коронавирусот.
Научниците имаат докази дека град во Бразил веќе има колективен имунитет.
Манаус можеби имал толку многу заразени што неговите жители развиле колективен имунитет.
Во јули коронавирусот многу брзо се прошири низ Манаус, најголемиот град во Амазонија. Потоа, следуваше рапиден и необјаснив раст на бројот на заразени и починати.
Дваесетина научници од Бразил и Велика Британија сега објаснуваат дека откриле зошто вирусот останал без домаќини.
Групата која ја водеше Естер Сабино од Институтот за тропска медицина при Универзитетот Сао Паоло ги анализирала примероците од градската банка на крв и ги тестирала на антитела на коронавирус. Во март од коронавирус биле заразени меѓу 44 и 66 отсто од жителите на Манаус, тврдат научниците.Во пикот, градот имаше по 80, а потоа падна на само неколку смртни случаи, иако бројот на жители е 1.8 милиони.
Во Манаус 2.462 луѓе починаа од Ковид-19.
Сепак, експертите велат дека создавањето на колективен имунитет е опасно, а овој вид на имунитет може да има краток рок.
Бразил е една од земјите со најмногу заразени. Индија и САД се пред Бразил, каде над 130.000 луѓе починаа од коронавирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.