18 Декември, 2025
0.0478

ПРВИЧНА СТУДИЈА ВО ИЗРАЕЛ - несаканите ефекти по третата доза се слични или помали отколку по втората

Објавено во: Свет 09 Август, 2021 07:22

Добивај вести на Viber

Мнозинството од луѓето кои ја примиле третата доза на вакцината Фајзер против ковид-19 во Израел, доживеале несакани ефекти слични или помали отколку по примањето на втората доза, покажа првичната студија во таа земја.

Пред околу десет дена, Израел започна да нуди вакцинација со трета доза за луѓе постари од 60 години, како дел од напорите да се забави ширењето на многу заразната варијанта делта. Ова го претвори Израел во еден вид тестирање за третата доза, пред да биде одобрен од Американската администрација за храна и лекови (ФДА).

Најголемата израелска здравствена установа, Клалит, вчера објави дека вакцинирала повеќе од 240.000 луѓе со третата доза Фајзер. 

Околу 4.500 луѓе кои ја примиле третата доза од 30 јули до 1 август одговориле на прашањата и биле вклучени во студијата.

Осумдесет и осум проценти од учесниците во студијата рекле дека се чувствуваат „слично или подобро“ во деновите по добивањето на третата доза во споредба со она што се чувствувале по втората доза.

Триесет и еден процент пријавиле некои несакани ефекти, а најчеста била болката на местото на инјектирање.

Околу 0,4 проценти од испитаниците рекле дека страдаат од тешкотии при дишењето, а еден процент изјавиле дека побарале лекарска помош поради еден или повеќе несакани ефекти.

Шефот на одделот за истражување на Клалит, Ран Балисер, рече дека резултатите, иако се „првични и само-пријавени“, овозможуваат споредување на несаканите ефекти со втората доза и „излегува дека во повеќето случаи тие се слични или помалку во трета доза “.

„Иако се уште немаме долгорочно истражување за ефикасноста и безбедноста на третата доза, за личен менаџмент на ризик кај сите постари од 60 години, овие наоди продолжуваат да укажуваат на придобивките од вакцинацијата, со претпазливо однесување кај возрасните и избегнување на собири во затворен простор“, рече Балисер.

Извор. Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“