Првиот човек на Општина Вевчани е заразен со коронавирус
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Ноември, 2020
Уште еден градоначалник е заразен со коронавирус.
Првиот човек на Општина Вевчани, Сашо Јанкоски е позитивен на Ковид -19. Тој информацијата синоќа ја соопшти на социјалните мрежи.
„Момент на мало невнимание може да доведе до инфицирање со овој вирус. Јас сум веќе од саботата во домашна изолација само со загубено чувство за мирис. Чувајте сѐ, чувајте го вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Носете маска, држете дистанца, останете во добро здравје“, напиша Јанкоски.
Вчера во земјава имаше 515 нови заразени.