Првиот човек на СЗО соопшти: Се развиваат 26 вакцини, од нив шест се во добра фаза
Објавено во: Свет 07 Август, 2020
Вакцината против коронавирусот да биде општа, вообичаена алатка која ќе му овозможи на човештвото да се бори против пандемијата.
Ова го бара генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус, осудувајќи го „националистичкото“ присвојување на идната вакцина против опасниот вирус.
„Националистичкото присвојување на вакцината не е добро. Не може да ни помогне“, рече тој на видео-форумот за безбедност во Аспен.
Според него, потребен е глобален консензус за вакцината да биде јавно добро. На тоа, не треба да се гледа како на давање за добротворни цели. Тоа е и давање за себе, затоа што кога светот ќе се лекува и ќе се отвори, сите ќе имаат корист“, потенцира првиот човек на СЗО. Во моментов, се развиваат 26 различни вакцини, сите во различни фази на тестирање, вклучувајќи и шест „во добра фаза“, потврди директорот за итни случаи на СЗО Мајкл Рајан, изразувајќи умерена надеж за успех.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.