19 Декември, 2025
0.0686

Првиот електричен Тесла автомобил доаѓа во Македонија на Стартап викенд Скопје

Објавено во: Мои пари 01 Септември, 2014 10:55

Добивај вести на Viber

Хрватскиот претприемач и инвеститор Саша Цвитојевиќ од Загреб до Скопје ќе патува со својата Tesla S, првиот електричен Тесла автомобил кој доаѓа во Македонија. Тој ќе присуствува на вториот Стартап викенд Скопје, којшто ќе се одржи од 19 до 21 септември во просториите на New Man’s Business Accelerator. Патувањето Цвитојевиќ го најави на својот фејсбук профил, каде побара помош околу логистиката за полнење на автомобилот со електрична енергија по пат. „Имам план да појдам на Стартап викенд во Скопје со мојот електричен автомобил. Ќе биде тоа одлична промоција за употребата на електричните автомобили во регионов, каде на ова сѐ уште се гледа со сомнеж. Ќе поминам околу 1000 километри по пат на кој нема никаква инфраструктура за електрични возила“, појасни Саша Цвитојевиќ во својот статус. Со коментари и идеи веќе се јавија луѓе нудејќи помош и решенија за полнење на батериите по пат. Саша вози Tesla Model S, комплетно електричен луксузен автомобил со 5 врати произведен од Tesla Motors. Овој модел е на врвот по својата економичност и безбедност, а во светот се продадени повеќе од 25 илјади возила. Саша Цвитојевиќ е успешен претприемач од Хрватска со долгогодишно искуство во секторите здравство, мобилни телекомуникации и дистрибуција. Активен член е на хрватската мрежа на бизнис ангели и приватен инвеститор во иновативни стартапи во раната фаза на нивниот развој. Тој доаѓа во Скопје како ментор на Стартап викендот со цел да го сподели своето знаење со локалните стартап тимови и да најде нови идеи во кои тој би инвестирал. Startup Weekend е 54-часовен настан, каде програмери, дизајнери, маркетинг експерти, продукт менаџери и стартап ентузијасти се собираат да ги споделат своите идеи, да создадат производи и да ги лансираат своите стартап компании. Startup Weekends претставуваат продолжени викенди, полни со идеи, споделување на искуство, поврзување и можност да се научат начините и методите, како од една идеја да се создаде успешен бизнис. На настанот учествуваат претприемачи и млади професионалци кои имаат различни профили и доаѓаат од различни сфери, како на пример: ИТ специјалисти, дизајнери, менаџери, маркетинг експерти, бизнисмени, потенцијални приватни инвеститори, невладини организации и сл.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка