28 Ноември, 2024
0.0296

Прво документ, потоа производство и продажба на ПВЦ врати и прозорци

Објавено во: Мои пари 12 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Без изјава за сообразност на градежните производи, која ќе ја издаде македонска акредитирана лабораторија, производителите и трговците со ПВЦ врати и прозорци нема да можат да работат. Како што денеска соопштија од од Министерството за економија, тие во наредните 30 дена треба да се пријават и да побараат испитување на нивните производи до акредитираните лаборатории. Притоа сите производители и трговци или увозници на ПВЦ врати и прозори потребно е да имаат изјава за сообразност, односно да бидат испитани од акредитирани лаборатории во врска со нивната намена за да бидат пуштени на пазарот. Како што соопштија од Министерството за економија, по истекувањето на определениот рок, Државниот пазарен инспекторат ќе продолжи со контролата на градежните производи кон производителите и трговците на градежни производи. Притоа, сите производители на градежни производи и трговци на градежни производи, кои во дадениот рок ќе започнат постапка за  испитување на градежните производи до акредитираните лаборатории во Република Македонија, ќе можат да продолжат со своите редовни активности. „Предложените измени се во согласност со Законот за градежните производи, Правилникот за начинот за атестирање, постапките за атестирање, означување на градежните производи и содржината на документите за сообразност, како и со Законот за надзор на пазарот и списоците на објавени МКС ЕН стандарди“, посочуваат од Министерството.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА