21 Јуни, 2024
0.3766

ПРВО ЈАВНО ПОЈАВУВАЊЕ НА КЕЈТ, ТАА Е УБАВА И НАСМЕАНА, ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА ЧАРЛС - фотографии од прославата

Објавено во: Свет 15 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Кралот Чарлс изгледаше воодушевено додека им мавташе на насобраните граѓани кои дојдоа да го прослават неговиот роденден. Монархот беше фотографиран во автомобил со сопругата Камила, која исто така ја поздрави толпата.

Кралските фанови ги преплавија улиците на Лондон за да му покажат поддршка на кралот по турбулентната година во која и тој и принцезата од Велс беа принудени да се повлечат откако им беше дијагностициран рак.

Денес и двајцата присуствуваат на Trooping the Color, парада за да го прослават официјалниот роденден на Чарлс.

За разлика од кралот Чарлс, кој продолжи да ги извршува кралските должности, иако со намален интензитет, ова е прво јавно појавување на Кејт Мидлтон по шестмесечната пауза и дијагнозата на рак, која ја објави во март годинава.

Кејт, која од февруари оди на хемотерапија поради јавно недијагностицирана форма на рак, патувала со кочија со нејзините три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, до традиционалната поворка низ Лондон, а потоа била фотографирана во автомобилот на кралското семејство.

Принцезата на некои од фотографиите, за разлика од кралот Чарлс, изгледа замислено и сериозно, но на некои е насмеана и расположена.

Во 13 часот, таа треба да се собере со кралот Чарлс и кралицата Камила, нејзиниот сопруг принцот Вилијам и другите членови на кралското семејство на балконот на Бакингемската палата.

Церемонијата Trooping the Color е прослава на официјалниот роденден на кралот Чарлс III, а принцезата од Велс, која шест месеци беше надвор од службените должности поради дијагноза на рак, присуствува на настанот, што го означува нејзиното големо враќање на кралските должности.

Иако се предвидуваше дека принцезата од Велс повеќе нема да извршува јавни ангажмани како пред болеста, таа вчера и се обрати на јавноста откривајќи како напредува нејзиното лекување, а најави и потенцијално извршување на обврските во текот на летото.

Принцезата од Велс во својата вчерашна порака рече дека е преплавена од сите љубезни пораки за поддршка и охрабрување во изминатите неколку месеци.

„Навистина направи разлика за Вилијам и мене и ни помогна и на двајцата во тешките моменти. Како што знае секој што поминува низ хемотерапија, има добри и лоши денови. За време на тие лоши денови се чувствуваш слаб, уморен и мораш да дозволиш твоето тело да одмара Но, во добрите денови, кога се чувствувате посилни, сакате да го искористите најдоброто. Моето лекување е во тек и ќе продолжи уште неколку месеци. Кога се чувствувам доволно добро, среќен сум што се вклучувам во училишниот живот, поминувам време правејќи работи кои ми даваат енергија и позитивност и почнувам да работам малку од дома.

Со нетрпение очекувам да бидам на Роденденската парада на кралот овој викенд со моето семејство и се надевам дека ќе имам неколку јавни ангажмани во текот на летото, но исто така знам дека не сум целосно закрепнат.

Учам како да бидам трпелив, особено со неизвесност. Го земам секој ден како што доаѓа, го слушам моето тело и си дозволувам време што ми е потребно да заздравам.

Ви благодарам многу за разбирањето и на сите вас кои толку храбро ги споделивте вашите приказни со мене“, вели Кејт во пораката, заедно со фотографијата која крие силна симболика.

Курир.рс

Фото: ЕПА

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ТРЕТМАНИТЕ ЌЕ ТРААТ ПОВЕЌЕ ОД ОЧЕКУВАНОТО? Кејт не сакаше да слуша, сега ќе се справува со последиците

ДАЛИ ТРЕТМАНИТЕ ЌЕ ТРААТ ПОВЕЌЕ ОД ОЧЕКУВАНОТО? Кејт не сакаше да слуша, сега ќе се справува со последиците

КОЛКУ ПОБОГАТИ ТОЛКУ ПОМАЛ НАТАЛИТЕТ: Италија и Шпанија со најмалку новороденчиња, еве каде се раѓаат најмногу бебиња

КОЛКУ ПОБОГАТИ ТОЛКУ ПОМАЛ НАТАЛИТЕТ: Италија и Шпанија со најмалку новороденчиња, еве каде се раѓаат најмногу бебиња

БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ, НО НИКОГАШ НЕ БЕШЕ НОМИНИРАН ЗА ОСКАР: Топ 10 улоги по кои Доналд Сатерленд ќе остане запаметен

БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ, НО НИКОГАШ НЕ БЕШЕ НОМИНИРАН ЗА ОСКАР: Топ 10 улоги по кои Доналд Сатерленд ќе остане запаметен

ИМА ЖРТВИ: Силно невреме ја зафати Москва

ИМА ЖРТВИ: Силно невреме ја зафати Москва

НА ПОТЕГ Е ШПАНИЈА: Каталонските сепаратисти ќе бараат признавање на независноста на Косово

НА ПОТЕГ Е ШПАНИЈА: Каталонските сепаратисти ќе бараат признавање на независноста на Косово

(ВИДЕО) РУСИТЕ ПОНИЖЕНИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Лавров и другите мораа да излезат од салата, направиле грешка

(ВИДЕО) РУСИТЕ ПОНИЖЕНИ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА: Лавров и другите мораа да излезат од салата, направиле грешка

ШОК: МУ СВРТЕА ЛИ ГРБ НА ПУТИН - Ле Пен и Бардела ги бришат проруските планови: Од засилување на односите со Русија, до излегување на Франција од НАТО командата

ШОК: МУ СВРТЕА ЛИ ГРБ НА ПУТИН - Ле Пен и Бардела ги бришат проруските планови: Од засилување на односите со Русија, до излегување на Франција од НАТО командата

„ДВАЈЦАТА СЕ ЧУДНА ДВОЈКА, ЕДНИОТ Е БУЦКАСТ И НАСМЕАН, ДРУГИОТ МНОГУ СЕ МУРТИ“: Аналитичарот на „Гардијан“ за односите меѓу Путин и Ким Јонг Ун

„ДВАЈЦАТА СЕ ЧУДНА ДВОЈКА, ЕДНИОТ Е БУЦКАСТ И НАСМЕАН, ДРУГИОТ МНОГУ СЕ МУРТИ“: Аналитичарот на „Гардијан“ за односите меѓу Путин и Ким Јонг Ун

Пекол во Саудиска Арабија: Над 500 мртви аџии во Мека, температури достигнуваат и до 52 степени

Пекол во Саудиска Арабија: Над 500 мртви аџии во Мека, температури достигнуваат и до 52 степени