28 Септември, 2024
0.0251

НА ПОТЕГ Е ШПАНИЈА: Каталонските сепаратисти ќе бараат признавање на независноста на Косово

Објавено во: Свет 20 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Каталонските сепаратисти поднесуваат иницијатива за признавање на Косово во шпанскиот парламент.

Пратеничката група на каталонската партија Жунтс планира следната недела на седница на шпанскиот Конгрес да го стави на гласање предлогот владата на Шпанија да се повика „да го признае Косово како суверена држава“, oбјави Еуропа прес.

Се наведува дека Косово е „правна и демократска држава со приближно 1,7 милиони жители, која ја признаваат 104 држави, вклучувајќи 22 членки на Европската Унија“.

Шпанскиот медиум потсетува дека Косово еднострано прогласи независност во февруари 2008 година, иако Србија и понатаму го смета за автономна покраина, како и дека не го признаваат Шпанија, Романија, Словачка, Кипар и Грција, тврдејќи дека тоа е „едностран акт“ кој нема одобрување од Белград.

Пратеничката група на Жунтс потсетува дека Меѓународниот суд на правдата во јули 2010 пресуди дека „прогласувањето независност на Косово не го прекршило меѓународното право“ и дека не постоело правило кое би го спречило да продолжи со тоа.

„Шпанското одбивање да признае држава која го искористила своето легитимно право на самоопределување е пречка за европската политика на инкорпорација на Западен Балкан во ЕУ, а тоа е фактор на дестабилизација на просторот во контекст кој ја одбележа војната во Украина која овој дел од Европа ја преживува со особени маки“, се наведува во објаснувањето.

Додаваат дека не е прифатливо шпанската држава да дели иста стратегија на одбивање на признавањето на Косово како Русија, Белорусија или Кина, особено кога, како што се наведува, „Шпанија веќе има индиректни односи со Косово, од минатиот јануари се признати и косовските пасоши во шенгенскиот простор“.

Инаку, каталонските сепаратисти пред неколку години бараа отцепување од Шпанија. 

foto EPA

Можеби ќе ве интересира

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

Дали Вашингтон е способен да ја запре израелската агресија врз Либан?

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„Септември месец на македонско-американското наследство“: резолуција со која ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

„ЧЛЕНКИТЕ НА ЕУ НЕ ГИ СПРОВЕДУВААТ ПРЕСУДИТЕ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА“: ДРИ - ги поткопуваат демократијата и првото во блокот

(ВИДЕО) ЦЕЛ БЕШЕ ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ: Израел срамни кварт во Бејрут

(ВИДЕО) ЦЕЛ БЕШЕ ЛИДЕРОТ НА ХЕЗБОЛАХ: Израел срамни кварт во Бејрут

БЛИЗУ РУСИЈА: Седиштето на НАТО сили во Финска би можело да биде лоцирано на 300 километри од Санкт Петербург

БЛИЗУ РУСИЈА: Седиштето на НАТО сили во Финска би можело да биде лоцирано на 300 километри од Санкт Петербург

(ВИДЕО) УРАГАН ОДНЕСЕ ЖРТВИ ВО АМЕРИКА: Маж со кајак се движи низ собата

(ВИДЕО) УРАГАН ОДНЕСЕ ЖРТВИ ВО АМЕРИКА: Маж со кајак се движи низ собата

„Се обидоа да прикријат сè“ - потона најновата кинеска нуклеарна подморница

„Се обидоа да прикријат сè“ - потона најновата кинеска нуклеарна подморница

„ХЕЛЕНА“ БЕЗМИЛОСНА, УДИРА НА ФЛОРИДА СО 215 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: „Со црн маркер напишете си го името на раката за да можеме да ве идентификуваме“

„ХЕЛЕНА“ БЕЗМИЛОСНА, УДИРА НА ФЛОРИДА СО 215 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: „Со црн маркер напишете си го името на раката за да можеме да ве идентификуваме“

ИСЧЕЗНА ЧОВЕКОТ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПРОДАВАЛ ПЕЈЏЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: Отишол во САД и оттогаш му се губи секаква трага

ИСЧЕЗНА ЧОВЕКОТ ОСОМНИЧЕН ДЕКА ПРОДАВАЛ ПЕЈЏЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: Отишол во САД и оттогаш му се губи секаква трага