19 Декември, 2025
0.0742

Прво место за најдобар научен труд на македонски уролог во Грција

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013 21:14

Добивај вести на Viber

Македонскиoт уролог Огнен Ивановски на Деветиот југоисточен европски конгрес по урологија што се одржа од 01 до 3 ноември во Солун, Грција, во конкуренција од 273 научни истражувања, ја доби наградата за најдобар научен труд на тема „Парцијална нефректомија ја превенира идната кардиоваскуларна болест-први експериментални докази“. „Се работи за оригинално истражување комплетно изведено во Република Македонија кое за првпат го докажува зголемениот ризик за кардиоваскуларна смрт кај пациенти со изваден еден бубрег поради тумор. Во исто време резултатите го истакнуваат бенефитот на парцијалната нефректомија т.е. отстранување само на оној дел од бубрегот кој го содржи туморот. Ова истражување директно произлегува од мојот докторат одбранет во Париз, Франција”, изјави д-р Ивановски. Тој досега е трипати наградуван за најдобар труд на овој Европски уролошки конгрес и тоа со освоено трето место во 2009 и прво место во 2011 година. „Сатисфакцијата е уште поголема бидејќи студијата ја освои првата награда во Солун, Република Грција во силна конкуренција на уролози, не само од југоисточна Европа, туку и пошироко. Морам да ги споменам и јавно да им се заблагодарам на ко-авторите без чија помош оваа студија немаше да успее, а тоа се: Доц. д-р Игор Николов од Универзитетската клиника за Нефрологија, д-р. Оливера Давчева од Универзитетската Клиника за Клиничка Биохемија, д-р Калина Ѓоргиевска од Институтот за предклиничка и клиничка Фармакологија со токсикологија , Проф. Весна Јаневска и Проф. Гордана Петрушевска од Институтот по патологија “, вели д-р Ивановски. Како првонаградена, темата ќе биде презентирана и на годишниот Европски конгрес по урологија што ќе се одржи во февруари следната година во Стокхолм. Д-р Огнен Ивановски работи како специјалист уролог на Универзитетската клиника за урологија во Скопје, каде и специјализирал. Неговите докторски студии ги завршил во Париз на еден од најпрестижните Медицински факултети во светот „Пјер и Марија Кири “, кој е рангиран на Шангајската листа за 2013 година како прв во Франција, а втор во континентална Европа. За постдокторски стаж заминува во Јапонија на Универзитетот „Кјушу“ во Фукуока. Во моментов, тој е на специјалистички престој за трансплантациона хирургија на бубрег од жив дарител и од кадавер (донор со мозочна смрт) на Медицинскиот центар „Еразмус“ во Ротердам, Холандија, кој е еден од најфрекфентните трансплантациони центри во Европа со 150 трансплантации на бубрег од жив донор и до 80 кадаверични на годишно ниво.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка