Прво реформи, потоа американска помош за Египет
Објавено во: Свет 26 Мај, 2013
Египет треба да побрза со спроведувањето на економските реформи ако сака да добие кредит од 4,8 милијарди долари од ММФ, како и дополнителна американска помош, повика државниот секретар на САД, Џон Кери .
Според анонимен претставник на САД, Кери разговарал цел час со египетскиот претседател Мохамед Морси за сириската криза, израелско-палестинскиот конфликт и проблемите на египетската економија.
Притоа Кери му побарал итно спроведување реформите во Египет, ако сакаат дополнителна помош. На почетокот на оваа година Кери вети дека ќе биде исплатена првата транша од 190 милиони долари од вкупните 450 милиони, кредит за помош на Египет.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.