Добивај вести на Viber
Сите закажани летови во српската национална авиокомпанија ЈАТ денес и во изминатите два дена се реализирани без доцнење. „Ова се случува за првпат по 3 години“, изјави за Танјуг в.д. директорот на „Јат ервејс", Велибор Вукашиновиќ.
Според него, новото раководство на ЈАТ сака да ја смени досегашната пракса на честите откажувања и одложувања на летови. Тој најави дека во редовен сообраќај на Јат ќе биде вклучен и Боингот, кој беше на редовна контрола и се потврди дека е исправен.
Во однос на набавката на нови авиони за Јат, Вукашиновиќ рече дека при крај се финалните преговори за да се добие лизинг за две „Ербаса" од „Адрија ервејс".
Бизнис планот за оваа година, предвидува Јат да се купи на лизинг четири „Ербаси" и две помали „АТР“ авиони.