18 Декември, 2025
0.0939

ПСИХОЛОГ ОД БЕРОВО: Стресот од пожарите остави длабока трага која може да оживее во иднина

Објавено во: Македонија 12 Август, 2021 06:56

Добивај вести на Viber

Јаворка Постоловска, психолог од Берово која и самата деновиве била во непосредна близина каде гореа пожари, бидејќи потекнува од село на кое му се закануваше опасност од огнот, вели дека последиците по психолошкото здравје допрва ќе ги почувствуваме од она што се случи.

Објаснува дека имало измешани чувства, од страв, паника, до љубопитност, затоа што се случи несекојдневен настан со апокалиптични сцени. Додава дека на лице место имаше полиција, војска, пожарникари, многу народ кој учествуваше во гаснење на пожарите, и тоа од една страна прави паника, но од друга страна дава и чувство на сигурност.

„Имаше деца кои прашуваа „Сите ли ќе умреме“, имаше и стари луѓе кои велеа „Не одиме никаде, ќе си ги браниме домовите“. Но, и на нас кои сме во средни години не ни беше сеедно. Тој стрес ќе си остане во сеќавањата, затоа што остави длабока трага и може да оживее во слични ситуации во иднина. Пожарите се топ тема, и луѓето ги сумираат впечатоците за она што се случи“, вели Постоловска.

Објаснува дека луѓето стручна помош засега не бараат, но оние кои ја познаваат неформално разговарале со неа. Таа вели дека е важно луѓето да не ги кријат емоциите и да не молчат.

„Подобро е да се искажат отколку да молчат и да им биде тешко. Луѓето сега ги сумираат импресиите. Уште ги гледаат оние страшни видеа од пожарите, ги читаат вестите. Секој човек има различен степен на емоционална зрелост и различно ќе ги доживее пожарите. На тоа треба да гледаме како на една колективна несреќа,  и да извлечеме поука за да не се случуваат такви настани во иднина. Децата се љубопитни, и за секој збор кој го слушнале како „итно“, „апокалипса“, „алармантно“, ќе прашуваат дома, ќе истражуваат, и важно е како во кругот на семејството се разговара за овие теми“, објасни Постоловска.

Источниот дел на Македонија се соочи со пожари какви немало досега. Штетите се огромни, затоа што има уништени шуми, куќи, викендици. Мештаните поминаа неколку ноќ без сон надгледувајќи како огнот се заканува да го уништи она што цел живот го стекнувале.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери