12 Декември, 2024
0.0266

По годината обележана од први места, Publicis ја започнува 2024 со One-to-One Wishes, поддржани од AI

Publicis Groupe креира 100.000 лични филмови за да се заблагодари на секој член на својот тим

Објавено во: Мои пари 11 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

По годината во која Publicis постигна многу први места - прво место по органски раст, прво по сите финансиски KPIs, прво по нов бизнис, прво по ESG, за да стане прв во индустријата по пазарна вредност - како секогаш, сакавме да ги ставиме нашите луѓе на прво место и да им се заблагодариме еден по еден, за помошта што ни ја дадоа за осигурување на првото место во 2023 година.

Затоа, ја започнуваме 2024 не со еден филм за Новогодишни желби, туку со 100.000 филмови. По еден за секој член од тимот на Publicis.

Во првиот експеримент од ваков вид, се обидовме да ги поместиме границите на AI генерираните видеа, раскажувањето и персонализацијата на највисокото можно ниво, па така вообичаената новогодишна порака од Генералниот Директор Артур Садун има невообичаен пресврт кога во кадарот ќе му се приклучат неговиот AI близнак, AI Directoire+ и AI Maurice.

Благодарение на нашата способност да собереме и поврземе информации за нашите луѓе преку нашата платформа Marcel, на секому што работи во Publicis и кој придонесе кон нашиот раст и успех, ќе му биде испратена персонализирана благодарница релевантна за нивните интереси и желби. А покрај тоа, Carla, Dave, Agathe, Nigel и дури и Maurice изгледа дека стекнале некои сосема нови вештини.

За да видите како персонализираните видеа соодветствуваат на вистинскиот јазик, на вистинскиот лидер и на вистинските интереси на една личност, низ 100.000 уникатни филмови, во продолжение ви прикажуваме 5 различни примери.

Погледнете како Carla & Arthur ѝ се заблагодаруваат на Eva, спортскиот Groupe Managing partner која живее во Австрија. Кликнете тука

Погледнете како Maurice и Arthur му се заблагодаруваат на Gabi, авантуристичкиот Business Lead од Сао Паоло. Кликнете тука

Погледнете како Nigel и Arthur му се заблагодаруваат на Youri, дизајнерот од Publicis Sapient со потекло од Сеул инспириран од танц, гимнастика и уметност. Кликнете тука.

Погледнете како Agathe и Arthur му се заблагодаруваат на Laure, мултилингвистичкиот Директор за човечки искуства од Париз, со голема страст за видео игрите како и уживање во природата. Кликнете тука

Погледнете како Dave и Arthur му се заблагодаруваат на Tony, EVP во Publicis Media, кој живее во Канада исака патувања, спортови на вода и паркур. Кликнете тука

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти

Васко Марковски: Биографијата на Јован Спасеновски-Џагула e инспирација за спортисти и за неспортисти

Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“

Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

Како до здравствена заштита базирана на вредности за онколошките пациенти

АИТОНИКС го проширува партнерството со Philips, додавајќи нова категорија производи во своето портфолио!

АИТОНИКС го проширува партнерството со Philips, додавајќи нова категорија производи во своето портфолио!

S&P ја подобри прогнозата за кредитниот рејтинг на Групација Триглав од стабилен на позитивен

S&P ја подобри прогнозата за кредитниот рејтинг на Групација Триглав од стабилен на позитивен

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Конференција која ja обликува иднината

„The Economist MeetUp – The World Ahead 2025“: Конференција која ja обликува иднината

Динамичен и сестран: Втората генерација на Audi Q5 Sportback

Динамичен и сестран: Втората генерација на Audi Q5 Sportback

Телевизор создаден за игри, серии и филмови

Телевизор создаден за игри, серии и филмови

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови