Publicis One & MSLGROUP втора година по ред ќе го поддржат Golden Drum како ексклузивен ПР Агенциски мрежен партнер
Објавено во: Мои пари 04 Август, 2016 13:52
Следејќи го успехот на минатогодишната соработка, Publicis One и MSLGROUP уште еднаш ќе ги здружат силите со Golden Drum интернационалниот адвертајзинг фестивал-еден од светските најреномирани креативни натпревари – како негов ексклузивен ПР агенциски мрежен партнер. Задачата оваа година за MSLGROUP, регионалната водечка ПР агенциска мрежа е да ги поврзе 23-иот Golden Drum и годинашната фестивалска тема „Инспирирани да инспирираат“ каде преку пазарите, отвораат нови начини и најдобри практики за поврзување со локалните креативни заедници. 23-иот Golden Drum интернационален фестивал на креативноста, организиран од Словенечката рекламна комора, ќе се одржи од 18 до 21 октомври 2016 година во Љубљана, зелената престолнина на Европа за 2016 година, Словенија.
Фестивалот Golden Drum и MSLGROUP ќе работат заеднички за да го промовираат фестивалот низ повеќе од 37 пазари во Европа, Русија и заеднички ќе ја креираат натпреварувачката успешна приказна.
„Добрата енергија, креативните луѓе и работата со висок квалитет се моите први асоцијации за Golden Drum. Високите критериуми во евалуацијата, жирито составено од врвни професионалци, инспиративните теми и предавачи се главните карактеристики на овој фестивал. Golden Drum е секогаш добра можност да направите пауза од секојдневните обврски во период од неколку дена и да се потсетите зошто навистина ја сакате вашата работа“, изјави Извршниот директор за централно-источна Европа на Publicis One Миша Лукиќ кој гледа одлични можности кои лежат пред овие партнерства со Golden Drum.
„Фестивалот Golden Drum ги премина границите на адвертајзингот и влезе во светот на креативноста во многу поширока смисла. Овие и други важни промени ќе бидат соодветно објавени и прифатени во сите 37 земји каде сме присутни, меѓу кои и информацијата дека решивме да се обнови и прошири соработката со Publicis One и MSLGROUP. Медијското и комуникациското партнерство е од посебна важност за нас денес, бидејќи сите се трудиме да изградиме и инвестираме во локалниот квалитет применувајќи ги најдобрите светски практики. Наше најголемо задоволство е да му посакаме добредојде на Себастиан Хејновски, Извршен директор на MSLGROUP за централна и источна Европа, како дел од Golden Drum семејството“, вели пак Мојца Бришчик кој е генерален директор на фестивалот Golden Drum и Извршен директор на Словенечката рекламна комора посакувајќи им добредојде на годинешните партнери.
Golden Drum Интернационалниот адвертајзинг фестивал, е еден од најголемите рекламни фестивали во Европа, каде секоја година се среќаваат над 900 експерти од областа на маркетингот, рекламирањето, креативци, дизајнери, млади таленти и студенти. Во текот на четири дена, годишниот фестивал нуди широк спектар на квалитетна програма со голем број реномирани и мулти наградувани гости говорници и нуди најголем преглед на креативни реклами од 37 земји. Ова е совршена можност да се здобиете со големо искуство за учење, да креирате нови пријателства и мрежи кои овозможуваат уживање во културната мешавина, како и можност да очекуваме некои дополнителни изненадувања.
Важни дати:
Влез и регистрација: отворени
Краен термин за регистрација: 29 август 2016
Краен термин за рана регистрација за делегати: 20 септември 2016
Повеќе информации за Golden Drum на: www.goldendrum.com.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




