Пушењето се казнува со смрт во Исламската држава
Објавено во: Свет 25 Јануари, 2015 10:36
Исламската држава објави листа на злосторства и казни, каде се детално наведени со кои брутални казни – ампутација, каменување или камшикување ќе се казнуваат прекршителите. Листата го потврдува владеењето на шеријатскиот закон на териториите на Сирија и Ирак, со коу управува Исламската држава.
Документот е објавен непосредно откако исламистите извршија повеќе насилни погубувања, и тоа прво до смрт каменуваа прељубничка, потоа распнаа 17 лица, фрлија двајца мажи од зграда зашто се хомосексуалци, а на крај објавија фотографија од погубувaње на осум ирачки полицајци под обвинение дека откриле информации на ирачката војска. Според шеријатскиот закон пушење цигара се казнува со смрт. Листата на злосторствата и казните изгледа вака: Ерес против Алах – Смрт Ерес против пророкот Мухамед – Смрт дури и во случај обвинениот да се покае Ерес против ислам – Смрт Прељуба – Каменување до смрт ако прељубниците се во брак, а 100 удари со камшик и прогон за оние кои не се во брак Содомија (хомосексуализам) – Смрт за сите кои учествуваат во чинот Кражба – Отсекување на рака Конзумирање алкохол – 80 удари со камшик Озборување - 80 удари со камшик Шпиунирање за неверниците – Смрт Откажување од верата – Смрт Разбојништво: 1. Убиство и кражба – Смрт и распнување 2. Само убиство – Смрт 3. Само кражба (за време на разбојништво) – Отсекување на десната рака и левата нога 4. Тероризирање на луѓе – Прогон Овие казни веќе некое време се проширени меѓу членовите на Исламската дрѝава и се спроведуваат над сите кои ќе ги прекршат правилата.Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




