Путин бара хуманитарен коридор
Објавено во: Свет 29 Август, 2014 10:35
Рускиот претседател Владимир Путин ги повика проруските сили на истокот од Украина да обезбедат хуманитарен коридор, како украинските војници кои се под нивно опкружување би можеле да ги напуштат бојните полиња соопштуваат од Кремљ денеска, пренесува Ројтерс.
„Ја повикувам милицијата да отвори хуманитарен коридор за владините украински војници, како би ги избегнале непотребните жртви и овозможиле да ги напуштат воените полиња и да се вратат во своите домови“, се наведува во соопштението на претседателот на Русија.
Путин исто така апелираше итно да се пружи медицинска помош на сите повредени кои учествувале во воените акции.
Рускиот претсдател најави дека Русија ќе продолжи да пружа хуманитарна помош на сите цивили на истокот од Украина.
Пред само недела дена првиот руски конвој испорача помош во храна, лекови, агргати и вреки за спиење на загрозените жители на истокот од Украина. По тој повод западот ја обвини официјална Москва дека извршила инвазија бидејќи не добила одобрение од украинската влада за влез на руските камиони во земјата.
Можеби ќе ве интересира
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица




