ПУТИН ИМА РОК ДО ПОНЕДЕЛНИК: Tреба да се изјасни дали ќе се сретне со Зеленски
Објавено во: Свет 29 Август, 2025 17:52
Сојузниците на Украина се согласиле да почекаат до понеделник за да видат дали рускиот претседател Владимир Путин ќе покаже подготвеност за билатерална средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Ројтерс.
„Ни треба архитектура што ќе им биде јасна на сите“, рече Зеленски.
Украинскиот лидер, денеска, 29 август, потсети на претходна изјава на американскиот колега Доналд Трамп дека ќе му даде на Путин една или две недели да се договори за билатерална средба со украинскиот лидер пред потенцијално да објави нови мерки против Русија.
Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, од друга страна, денеска изјави дека Путин е спремен за средба со Трамп, но дека средбата мора да биде добро подготвена.
Инаку, вчера во руски напад на Киев загинаа 23 луѓе. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година.фото Фејсбук/Володимир Зеленски
Можеби ќе ве интересира
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




