Путин ќе ја посети Грција за која вели дека е важен партнер
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2016
Рускиот претседател, Владимир Путин утре ќе ја посети Грција.
Тој вели дека оваа година особено важно за двете земји е планираното одбележување на илјадагодишното присуство на руски монаси на Света Гора.
„Грција е важен партнер на Русија, со неа водиме динамичен политички дијалог на повеќе нивоа и во таа смисла и на највисокото. Ја почитувам вековната традиција на пријателство меѓу нашите народи. Заедничките културни вредности, православната култура и искрената взаемна симпатија се здрави основи на нашата соработка“- изјави Путин.
Путин зборува за можностите за натамошен развој на партнерските односи меѓу двете земји и ја потенцира клучната улога која Русија ја одиграла во извојувањето на независноста на Грција. Русија може да придонесе за рехабилитација на грчката инфраструктура во сферата на транспортот, додава Путин.