Путин ќе бара заштита на рускиот јазик во Украина?
Објавено во: Свет 17 Август, 2025 12:58
„Њујорк тајмс“ објави дека за време на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, рускиот лидер Владимир Путин инсистирал на гаранции за официјално признавање на рускиот јазик во Украина и заштита на руските православни цркви.
Путин побара гаранции дека рускиот јазик повторно ќе стане службен јазик во Украина и безбедноста на руските православни цркви, рекле официјалните лица.
Според неименуваните функционери, Трамп рекол дека се надева на трилатерална средба со Путин и Зеленски, но Путин „досега ја отфрлил средбата со Зеленски, сметајќи го за нелегитимен претседател на вештачка држава“.
„Њујорк тајмс“ објави дека по средбата со Путин, Трамп се откажал од барањето за итно прекин на огнот и сега верува дека брз мировен договор би бил можен ако Зеленски се согласи да ги отстапи сè уште неокупираните области на Донбас на Русија.
За возврат, Путин предложи прекин на огнот во остатокот од Украина по должината на сегашните линии на фронтот и писмено ветување дека никогаш повеќе нема да ја нападне Украина или која било европска земја, рекоа официјалните лица. Во меѓувреме, извори го предупредија Трамп дека Путин често ги прекршува своите писмени ветувања.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре патува во САД на разговори. Војната почна на 24 февруари во 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




