ПУТИН МОЖЕ ДА ЈА ЗАВРШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ЗА ДВА МЕСЕЦИ: Западот е на потег
Објавено во: Свет 28 Јануари, 2025
Претседателот на Русија, Владимир Путин најави завршување на конфликтот за два месеци, ако Западот ја прекине помошта за Украина.
„Нема да постојат еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршумите“, изјави Путин во интервју за руската државна телевизија.
Вели дека разговорите со Украина се можни, но не и со нејзиниот претседател Володимир Зеленски, за кого смета дека е „нелегитимен“, затоа што неговиот мандат истече.
„Ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе да учествуваат во преговорите“, рече Путин.
Американскиот претседател Доналд Трамп се залага за брзо завршување на војната во Украина.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година, со барање за денацификација, демилитаризација, и признавање на независноста на Доњецк и Луганск, а потоа Русите соопштија дека ќе се борат за ослободување на Донбас.