ПУТИН МОЖЕ ДА ПРЕДИЗВИКА РЕВОЛУЦИЈА: Независниот експерт Камил Галеев укажува на една „тешка грешка“ со сериозни последици за рускиот лидер
Објавено во: Македонија 06 Мај, 2022 13:03
Во последните
денови се интензивираа шпекулациите за плановите на Владимир Путин за
прославувањето на Денот на победата во Русија во понеделник. Украина тврдеше
дека Путин ќе го искористи тој ден за да објави масовна мобилизација.
Независниот експерт за Русија Камил Галеев смета дека постои реална можност Путин да се одлучи за тоа сценарио, но вели дека тоа би била „тешка грешка“ која може да има далекусежни последици за рускиот лидер.
„Судејќи според природата и навиките на Путин, проценувам дека веројатноста за најава на масовна мобилизација на 9 мај би можела да биде околу 20 отсто“, рече Галеев, цитиран од „„Sky News“.
„Путин апсолутно може да прогласи масовна мобилизација. Но, тоа ќе се спроведе во ситуација кога нема речиси никаква инфраструктура и каде што речиси и да нема организациски капацитет за таква мобилизација во рамките на воената доктрина, што всушност ја исклучува можноста за таква мобилизација“, објаснува тој и додава: „Во случај на целосна мобилизација, ќе имаме касарни преплавени од огромен број слабо мотивирани регрути под лошо раководство. Овие регрути знаат дека ќе бидат испратени во Украина каде што најверојатно ќе бидат убиени во акција. Тоа е револуционерна ситуација“.
„Мислам дека веројатноста за успешно масовно востание во Русија е блиску до нула. Меѓутоа, во случај на масовна мобилизација, таа ќе скокне до небо. Ќе имате тони вооружени луѓе со непосреден интерес за соборување на режимот“, заклучува тој.
ФОТО: EPA/SERGEI ILNITSKYМожеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




